Почетна » Новости » Животни стории » „Јас не ви сум закачалка за облека“: Анорексичен модел за темната страна на модната индустрија

„Јас не ви сум закачалка за облека“: Анорексичен модел за темната страна на модната индустрија

Анорексична девојка прозборува за темната страна на модната индустрија, за нарушувањата во исхраната и за прегладнувањето за да стане успешен модел. Таа повикува на акција за да престане да се идеализира анорексичниот изглед во светот на модата.

Зузана БухвалдЗузана на ревија на Версаче на 16 години и сега

Во видеото „Јас не ви сум закачалка за облека“ („I’m not your clothes hanger“) Зузана Бухвалд го раскажува своето искуство како модел. Таа вели дека започнала да се изгладнува себеси откако модна агенција ѝ рекла да ја намали мускулната маса преку нејадење и невежбање.

Емотивната девојка низ солзи открива дека го послушала нивниот совет и развила анорексија и булимија. „Бев многу слаба, несреќна, не ми доаѓаше менструација три години, имав проблеми со забите, бев бледа, кожата ми беше сува, косата ми паѓаше... Искуството беше ужасно“ – вели таа во видеото создадено од „Real Women Real Stories“ или „Вистински жени вистински приказни“.

Видео

28-годишната Полјачка, која има работено за врвни брендови како Гучи, Прада, Келвин Клајн и Victoria’s Secret, решила дури сега да прозборува за своите проблеми и нарушувања, бидејќи дури сега успеала да ги излечи траумите поврзани со својата кариера. Таа ги советува младите девојки да не слушаат никого кога се работи за нивното тело и ги потсетува дека она што го гледаат во огледалото кога се здрави е правилната слика која треба да ја имаат за себе.

Зузана Бухвалд Зузана Бухвалд Зузана Бухвалд

Зузана е авторка и на есеј на истата тема, кој привлече големо внимание на интернет. Во него таа ја открива тајната за успех во модната индустрија за која никој не зборува.

„Задржувањето на конфекциски број 0-2 (32) во целата твоја кариера е клуч кон успехот во оваа индустрија за кој никој не зборува. Младите модели го откриваат тоа на потешкиот начин: Ако за време на мерењата, агенцијата забележи и најмало покачување на тежината, добиваш укор и ти кажуваат веднаш да ослабиш“ – открива Зузана.

Зузана Бухвалд

Еве дел од него:

Агенцијата се плаши дека нема да те собере во примероците од облеката која твоите клиенти сакаат да ја носиш. Најчесто добиваш краен рок, датум кога ќе биде твоето следно мерење. Колку повеќе ќе ослабиш, толку подобро. Започнуваш строги диети за да ги исполниш очекувањата на агенциите и нивните клиенти. Ако ослабиш, ќе добиеш пофалби за добриот изглед и ќе бидеш испратена на кастинг, ако не, ќе те натераат да продолжиш со диетите.

Никој не те насочува како да го правиш тоа, никој не го споменува твоето здравје. Никој не ти вели да престанеш кога ќе бидеш преслаба. Развиваш нездрава шема на размислување: Колку послаба си, толку попосакувана и поценета ќе бидеш во модната индустрија.

Токму тоа ми се случи мене... Иронично е, но бев ценета од моите агенти и дизајнерите кога бев најнездрава и најнесреќна. Во тој период, имав најмногу работа.

Но, јас не се чувствував како „себеси“ повеќе. Чувствував како да чекорам низ магла. Не знаев што е нормално и не се чувствував разбрана. Знаев дека изгладнувањето не е начин на живот, но исто така мислев дека тоа е единствениот начин за да останам во мојата професија. Болеста ми го промени карактерот и односот кон храната засекогаш. Луѓето често ми велеа дека имам живот од соништата, но ако погледнете под површината, ќе видите дека модната индустрија не е толку гламурозна колку што си ја замислувате.

Во 80-тите и 90-тите години, моделите беа силни, жени со облини, карактер и приказна која ја раскажуваа. Тие беа ликови кои ја надополнуваа облеката којашто ја носеа. Денес моделите се анонимни, заменливи закачалки за облека. Денес, вие сте лицето зад брендот, не лицето кое го прави брендот.

Нема да молчам повеќе. Повеќе не се плашам да кажам дека модната индустрија има експлоатирачка и опасна страна за девојките кои најчесто очајнички сакаат да бидат дел од неа.

Не можам да разберам зошто вакви нешта се случуваат во поле кое има потенцијал да испрати позитивни пораки, да постави стандарди, да создава примери. Си поставувам мисија да ја подигнам свеста и да ги советувам младите колешки за здравјето, откако видов многу девојки кои се губат во бурата на оваа ужасна болест, а кои најчесто се премлади или преранливи за да се грижат за себе, премлади за да знаат за подобро.

Ги повикувам медиумите и модната индустрија да престанат да го наметнуваат нездравиот и опасен идеал на големина нула и да го заменат со слика на здравје, среќа и карактер. Запомнете дека не треба да ви биде судено според бројот на облека кој го носите и дека термините „слаба“ и „дебела“ се само зборови кои го опишуваат вашето тело, а не се навреди или комплименти. Убавината не се дефинира според формата на твоето тело, туку доаѓа од твојот сјај од здравје и среќа.

Зузана Бухвалд Зузана Бухвалд Зузана Бухвалд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20791 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.