Почетна » Новости » Животни стории » „Човекот со златна рака“: Маж има спасено 2,4 милиони бебиња донирајќи крвна плазма

„Човекот со златна рака“: Маж има спасено 2,4 милиони бебиња донирајќи крвна плазма

Запознајте го Џејмс Харисон – човекот кој има спасено околу 2,4 милиони бебиња.

86-годишниот Австралиец поседува ретка крв со уникатни антитела кои биле искористени за да се развие инјекција наречена Анти-Д.

Џејмс Харисон

Оваа инјекција ја примаат мајките за да се заштитат неродените бебиња од хемолитичната болест, која може да биде фатална.

Кога бремена жена со Rh негативна крвна група носи бебе со Rh позитивна крв, нејзиното тело ги регистрира црвените крвни зрнца на бебето како закана (напаѓачки вирус или бактерија) и произведува антитела за да го уништи напаѓачот.

Ефектите можат да бидат ужасни. Болеста предизвикува спонтани абортуси, мртвородени деца и оштетување на мозокот или фатална анемија кај новороденчињата.

Од чудотворната плазма на Харисон се произведува Анти-Д имуноглобин, кој им се дава на мајките за да се спречи создавањето на Rh-антитела кои би ја нападнале крвта на бебето.

„Секоја ампула од Анти-Д создадена во Австралија има дел од Џејмс во неа“ – изјавил Робин Барлоу, координатор на Rh програмата.

Џејмс Харисон

Несреќна ситуација го поттикнала Џејмс да се одлучи да стане крводарител.

Имено, на 14-годишна возраст Харисон морал да направи операција на градниот кош, а поради компликации, останал три месеци во болница. Кога дознал дека неговиот живот бил спасен поради големата количина крв што ја добил преку трансфузија, ветил дека ќе стане крводарител само што ќе наполни 18 години.

Харисон беше крводарител повеќе од 60 години и е нарекуван „Човекот со златна рака“. Со донирање на крв започнал во 1954 година, а за последен пат донирал во 2018 година на 81-годишна возраст. Тоа била негова 1.173-та донација.

Во 1999 година, прими орден од државата и беше прогласен за национален херој.

За време на последната донација, Џејмс се запознал со многу бебиња кои биле спасени благодарение на неговата „златна крв“.

Џејмс Харисон Џејмс Харисон Џејмс Харисон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20785 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.