Почетна » Новости » Животни стории » Храбар борец: 3-годишно дете ги надмина очекувањата на докторите и го победи ракот

Храбар борец: 3-годишно дете ги надмина очекувањата на докторите и го победи ракот

Мало момче од Англија се избори за својот живот и ги надмина очекувањата на докторите. 3-годишниот Алби Вејт го победи ракот и повторно е дома со родителите.

Во април 2021 година, на детенцето му бил дијагностициран тумор на клучната коска. По долгите испитувања, докторите прогнозирале дека му преостануваат од 6 до 12 месеци живот, но Алби покажа храбост и сила и успеа да извојува победа над болеста.

Алби Вејт

Родителите Лин и Крис Вејт забележале дека Алби има силна болка во левата рака додека го облекувале. Веднаш го одвеле во болница, каде им кажале дека веројатно се работи за повреда на клучната коска или изместен лакт. Но, по направените анализи му била пронајдена грутка на клучната коска.

Второто болничко мислење, поткрепено со резулататите од биопсијата, им ја потврди на родителите страшната вест дека Алби има рабдоиден малиген тумор.

„Не можам ни да објаснам колкав шок беше за нас кога дознавме дека Алби има рак. Мислевме дека е повреда, а се потврди страшна дијагноза“ – објаснува Лин Вејт, мајката на Алби.

Алби Вејт

Лекарите не биле оптимисти дека Алби може да се излекува. Момчето мина низ операција преку која му беше отстранет брзорастечкиот тумор, од која му останаа лузни на вратот. Потоа, Алби бил подложен на хемотерапија и радиотерапија.

Опоравувањето одело многу бавно и тешко, а го истоштувало организмот на Алби.

Неговата мајка успевала да го дои три пати на ден, додека детето било приклучено на апарат за хранење во болницата.

По осум месеци од дијагностицирањето, докторите му соопштиле на семејството дека малиот Алби е целосно излекуван и дека два дена пред Божиќ ќе излезе од детската болница Бристол, тропајќи на ѕвончето за да огласи дека го победил ракот.

Алби Вејт Алби Вејт

Во текот на целиот тежок период, најголема поддршка на Алби му беа неговите родители, поголемите сестрички и помалото братче, со чија поткрепа тој издвојува голема победа над животозагрозувачката болест.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23508 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.