Криси Тиген напиша емотивен пост за бебенцето кое го изгуби во октомври минатата година.
35-годишната сопруга на Џон Леџенд сподели фотографии од снимањето на спотот во кој ја сподели со светот среќната вест дека е повторно бремена, заедно со текст во кој ја опишува нејзината болка. Популарниот модел призна дека најмногу се кае што не го виде лицето на синчето Џек по неговото раѓање.
Овие фотографии се од снимањето на спотот за „Wild“ во Мексико. Бев 10 недели бремена и безумно среќна. Знаев дека ќе биде потребно некое време за да се склопи видеото, па сметав дека ќе биде слатко да се споделат нашите вести со светот преку стариот класичен трик на ставање на раката на стомачето на крајот. Не ни можев да замислам што ќе се случи во претстојните 10 недели...
Не сум сигурна дали некогаш повторно ќе бидам способна да го гледам тоа видео без да липам, но се надевам дека тој ги чувствува моите солзи и дека знае колку многу ни недостига. Тој ќе се родеше деновиве. Ако беше како Луна и Мајлс, веројатно веќе ќе го држев во рацете.
Многу се каам што не му го видов лицето кога се роди. Толку многу се плашев дека ќе го гледам во моите кошмари што заборавив дека можеби ќе го гледам во моите убави соништа. Страдам секој ден од каењето. Месецов е суров потсетник и да бидам искрена, мислев дека најлошото помина, но претпоставувам дека животот и емоциите не се по некаков распоред.
Ве сакам сите и благодарна сум за целата поддршка и љубов. Силно верувам дека енергијата и заздравувањето патуваат низ ноќното небо и ги чувствувам, ви се колнам во тоа. Те сакам, Џек. Многу, многу ми недостигаш.
Криси и Џон имаат две деца - Луна и Мајлс кои се зачнати со ин витро. Пред да си ја исполнат желбата да станат родители, тие 9 години се обидувале да имаат дете.