Шарлот Томсон го доби најголемото изненадување – стана мајка иако не ни се сомневала дека може да е бремена.
Младата Британка дознала дека ќе има бебе само 2 часа пред породувањето, бидејќи во текот на бременоста немала никакви симптоми, редовно добивала менструација и се здебелила само 1,5 килограм.
„Стомакот ми беше целосно рамен и редовно добивав менструација, па беше шок за мене кога дознав. Не верував дека сум навистина бремена додека не се породив. Беше страшно да станеш мајка без предупредување. Но, не би ја заменила Моли за ништо на светот“ – рекла Шарлот, која се породила пред две години, на 19-годишна возраст.
Една ноќ Шарлот се разбудила со силни болки во стомакот. Се напила парацетамол со надеж дека болката ќе се смири, но апчето не помогнало. Кога отишла во тоалет, видела дека долната облека ѝ е со крв, па повикала такси за да оди во болница.
Веднаш по првиот преглед, таа ја добила шокантната вест дека е бремена и дека веќе започнале породилните болки. „Бев загрижена што ќе речат моите родители кога ќе дознаат дека ќе имам бебе. Прснав во солзи кога тие пристигнаа и им кажав дека немав претстава дека сум бремена. Тие ми дадоа поддршка и беа возбудени што го добија нивното прво внуче“ – раскажа таа.
Само два часа по пристигнувањето во болницата, Шарлот родила девојче кое го добило името Моли. За среќа, девојчето било здраво, иако Шарлот консумирала алкохол во текот на бременоста.
Пријателите на младата мајка не можеле да поверуваат дека таа се породила, затоа што до последниот ден немала истакнато трудничко стомаче.
„Таткото на Моли е мој бивши кој повеќе не е вклучен во нашите животи, но јас добивам голема помош од родителите околу бебето“ – изјавила Шарлот за британска медиумска агенција.