Почетна » Новости » Животни стории » „Таа доби поубаво девојче одошто си замислуваше“: Искрен текст на мајка од Хрватска за ќерката со Даунов синдром

„Таа доби поубаво девојче одошто си замислуваше“: Искрен текст на мајка од Хрватска за ќерката со Даунов синдром

Мајка од Хрватска трогнува стотици лица со емотивниот текст за ќеркичката Лаура, која има Даунов синдром.

Лариса Порчиќ Филипај раскажа како се чувствувала кога дознала дека е бремена по вторпат и кога непосредно по породувањето ја добила веста дека нејзината принцеза има Даунов синдром. Нејзиниот пост привлече многу позитивни коментари полни со поддршка.

Прочитајте го:

Лариса Порчиќ Филипај

Се надевам дека ќе одделите една минута од вашето време за да прочитате дел од една животна приказна...

Дозволете ми да ви раскажам приказна за една жена во триесетите години. Откако роди момче одлучи дека не сака да има други деца. Мислеше дека има сè што ѝ е потребно, но судбината одигра различна игра. Две години по мал оперативен зафат, иако неколкупати беше прегледана од гинеколог, дозна дека е бремена. Беше шокирана и изненадена (како и нејзиниот доктор) и на почетокот, не сакаше да има друго дете. Откако разговараше со блиски пријатели и со сопругот, одлучи да го задржи бебето. Не беше среќна со одлуката, но по кратко време се навикна на идејата дека е бремена. Повторно.

Потоа хормоните започнаа да работат и приказните се создаваа во нејзината глава. Си замислуваше убаво мало девојче со долга коса, прекрасна насмевка, силен карактер. Кое ќе владее со светот. Кое ќе биде подобра верзија од неа. По некое време, приказните во нејзината глава оживеаја. Малото девојче во нејзината приказна беше модерно, трендсетерче, паметно, полно со љубов, весело, допадливо, но и своеглаво, упорно, со остар јазик, кое секогаш знае што сака. Тоа беше „IT“ девојче. Сликите во нејзината глава беа како девојчето да е веќе родено.

Му даде име – Лаура. Име кое отсекогаш го сакаше ако има ќерка. Тоа беше моментот кога двете започнаа да се поврзуваат како мајка и ќерка.

Лаура дојде на овој свет малку порано од очекуваното. Таа ја зеде в раце, искусувајќи го тој момент за првпат. Не можеше да го искуси тоа со првото дете поради компликации при породувањето. Започна да плаче помислувајќи: „Ова е тоа. Ова е подобрата верзија од мене. Нека се подготви светот. Лаура е тука.“

По пет минути, дојде докторот и засекогаш го уништи тој момент. Ѝ кажа дека нејзината мала принцеза дојде на свет со пријател наречен Даун. Таа не можеше да размислува, не можеше да дише, солзите како водопади течеа на нејзината принцеза. Животот накратко застана. Се чувствуваше како некој да ја прободел директно во срцето. Ѝ ја зедоа Лаура од рацете и ја оставија со нејзината болка, збунетост, мисли. Таа плачеше и плачеше. Чувствуваше само празнотија.

Следниот ден отиде да ја види Лаура. Таму беше. Мало невино девојченце кое чекаше мајка му да го прегрне и да му даде љубов. Но, таа не можеше да пронајде љубов. Само празнотија. Очајнички го бараше девојчето од нејзината глава. Не можеше да го види. Пријателот на Лаура, Даун, беше желен да ја запознае, па таа го гледаше само него. Солзите продолжуваа да течат и течат како да никогаш нема да запрат. Отиде во својата соба и започна да ги бара приказните од нејзината глава. Не можеше да ги пронајде. Се обиде повторно, и повторно... Одеднаш, виде мало девојче, исто како претходно, но со малечка разлика и тоа беше поубаво од претходно. Нераскинливата врска се роди во тој момент.

Се врати кај нејзиното девојче. Го зеде в раце и конечно ја почувствува ЉУБОВТА. До овој момент таа врска е посилна и посилна. Љубовта е поголема и поголема. Сега таа знае дека доби многу поубаво, повесело и посимпатично девојче одошто некогаш можела да си замисли.

Лариса е мајка на две и пол годишната Лаура и петгодишниот Лукас и е голем активист за подигнување на свеста за лицата со Даунов синдром.

Лариса Порчиќ Филипај Лариса Порчиќ Филипај Лариса Порчиќ Филипај Лариса Порчиќ Филипај Лариса Порчиќ Филипај
Лариса Порчиќ Филипај Лариса Порчиќ Филипај

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20821 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.