Видео од детенце, кое скока од радост кога ќе дознае дека е соодветен донор на коскена срцевина за малата сестричка, ќе ви го стопли срцето.
Малата Џоси по вторпат се бори со рак во својот краток живот. Првиот пат, нејзе ѝ била дијагностицирана оваа опака болест на само 11 недели, додека вториот пат таа имала 26 месеци кога ѝ пронашле леукемија.
За да се спаси нејзиниот живот потребно е да се пресади коскена срцевина од соодветен донор, а тоа во случајот е нејзиното мало братче Кејден. Моментот кога тој ќе дознае дека наскоро ќе ѝ го спаси животот на сестричката е скапоцен.
На крајот од видеото, поголемата сестричка му вели на Кејден: „Те молам спаси ѝ го животот на Џоси“, а тој ѝ одговара: „Ќе го направам тоа“.
@worthfeed099 This is a hero️ Credit to @all4josie/IG #cancersucks #cancer #kids #family #love #emotional ♬ original sound - Worth feed
Трансплантацијата ќе биде за три дена.
Бидејќи добила многу негативни коментари откако го споделила видеото, мајката на децата на Instagram напиша:
„Кејден нема да порасне жалејќи дека направи сè што можеше за да ја спаси неговата сестра. Она што луѓето не го разбираат е дека за да се победи детскиот рак, потребно е ЦЕЛО семејство. Не е само детето или родителите, туку и браќата и сестрите, бабите и дедовците, роднините итн. Ако е потребно цело село за да се израсне дете, потребен е цел град за да се победи детскиот рак“.