Девојка, која била родена во затвор, ги надмина сите препреки кои животот ги постави на нејзиниот пат и доби целосна стипендија за студирање на Харвард.
Аурора Скај Кастнер од Тексас сонувала да студира право на Харвард уште од основно училиште додека растела во сиромаштија со својот самохран татко. Мотивираната девојка беше трет најдобар студент во нејзината генерација и успеа да си обезбеди место на престижниот универзитет.
Мајката на Кастнер забременила на 18-годишна возраст и била во затвор кога се породила. По раѓањето, малото бебенце било земено од таткото кој го израснал сам.
Со помош на заедницата и на нејзината менторка Мона, Аурора станала врвен ученик и иден студент со светла иднина.
„Имаше нешто задоволувачко да ги имам највисоките оценки. Оценките многу ми значат“ – рекла таа.
Приказната на Аурора и фотографиите од нејзиното дипломирање деновиве се вирален хит на интернет.