Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Емотивниот момент кога момче со церебрална парализа дознава дека е примено на Харвард

ВИДЕО: Емотивниот момент кога момче со церебрална парализа дознава дека е примено на Харвард

Видео од моментот кога студент со церебрална парализа ќе дознае дека е примен на Харвард топли срца низ светот.

Метју Мисленски и неговата сестра-близначка, Магдалена, се вклучиле онлајн да ја проверат неговата апликација, подготвени таа да биде одбиена. Но, наместо тоа, виделе конфети. Тоа значело дека тој е примен на престижниот Универзитет.

„Бев тотално шокиран. Мислам дека тоа беше еден од најдобрите моменти во мојот живот“ – рекол Метју, кој отсекогаш сонувал да студира на Харвард.

„Не само што морав да се предизвикам себеси академски, туку морав и физички да работам за да стигнам до точка да можам да го правам она што го сакам.“

„Без разлика каква е твојата способност, можеш да го постигнеш она што го сакаш во животот. Можеш да надминеш сè што ќе посакаш“ – смета Метју.

Неговата сестра изјавила дека секогаш со возбуда зборува за тој момент, кој е еден од најсреќните и во нејзиниот живот.

„Многу се возбудувам секојпат кога зборувам за тоа, бидејќи очигледно Метју работеше многу напорно за ова“ – рекла Магдалена.

Брат и сестра

Професорката на Метју вели дека тој е еден од најтрудољубивите ученици кои ги имала.

„Никогаш не се откажа. Мислам дека тоа кажува многу за неговиот карактер. Кажува многу за карактерот на неговото семејство. Од мали нозе е учен дека ако сака да успее, не треба да се откажува. Тоа е најважната порака тука“ – рекла таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20791 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.