Почетна » Новости » Животни стории » Со фотографии од модрото лице ја подигнува свеста за семејното насилство

Со фотографии од модрото лице ја подигнува свеста за семејното насилство

Вака изгледа лицето на семејното насилство.

Анџела Брауер со селфи фотографии се обидува да ја подигне свеста за семејното насилство. Откако преживеала ужасен напад од својот партнер, 37-годишната Американка одлучила да сподели фотографии кои не можат да бидат игнорирани, со цел да ги поттикне жените кои страдаат да побараат излез пред да биде предоцна.

Анџела Брауер

„Сакам да ја подигнам свеста за жените кои се плашат и кои се срамат од тоа што им е направено. Тие се обвинуваат себеси. Сакам да знаат дека не е нивна вина“ – рекла Анџела во интервју за Huffington Post.

За време на нападот, Брауер го молела својот партнер да ја остави жива само поради нејзините деца. Кога прекинал со ударите, таа избегала.

Тоа не бил прв физички напад врз Анџела од страна на партнерот со кого била во врска шест месеци, но првиот пат решила да му прости. Сега таа е категорична дека тој никогаш повеќе нема да има шанса да го повтори истото.

„Погрешив што го примив назад и извесно време сѐ беше во ред. Ако не сте се нашле во слична ситуација, не можете да разберете зошто луѓето дозволуваат да се вратат на истото. Жените го следат своето срце, тие ги сакаат своите партнери и сакаат да им веруваат кога им велат дека ќе се променат. Тие ги губат своите пријатели и семејството и се чувствуваат како да немаат никого“ – рекла Анџела, која редовно објавува фотографии кои го следат нејзиното опоравување.

Анџела Брауер Анџела Брауер

„Таа е среќна што е жива“ – изјавил поранешниот сопруг на Анџела.

Пред неколку дена Брауер била принудена да направи операција за да ѝ биде поставен метален прстен околу окото. По операцијата таа изјавила дека физички се чувствува подобро, но дека ќе биде потребно подолго време за да закрепне психички и емотивно.

Анџела Брауер

Анџела се надева дека со шокантните фотографии ќе ги разгори разговорите за семејното насилство и ќе ги натера жените да избегаат од насилниците.

Нејзиниот поранешен партнер, Волтер Френк Бредли, се наоѓа в затвор.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20793 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.