Почетна » Новости » Животни стории » Сè е возможно: Парализирана девојка не се откажала од сонот повторно да оди, желбата ѝ се оствари

Сè е возможно: Парализирана девојка не се откажала од сонот повторно да оди, желбата ѝ се оствари

Животот понекогаш става пред нас предизвици кои ни ја тестираат издржливоста и вербата во себе.

Девојка, која во 2017 година се парализирала од вратот надолу поради автоимуна болест, не се откажа од сонот еден ден повторно да прооди. Неколку години подоцна, тоа станало реалност.

Кортни Рунион

Кортни Рунион од САД имала 30 години кога забележала дека телото ѝ откажува и по неколку месеци, останала целосно парализирана. Таа добила дијагноза хронична воспалителна демиелинизирачка полинеуропатија, нарушување кое се карактеризира со ослабување на мускулите и губење на рефлексите.

Рунион тврди дека сите нејзини проблеми биле предизвикани од преголем стрес.

„Кај мене беше предизвикано од две стресни недели во декември 2016 година и започнав да пројавувам симптоми две недели подоцна. Прво забележав дека имам проблеми додека се туширав. Не можев да ги подигнам рацете над мојата глава, па морав да се наведнам за да си ја измијам косата. Но, кога завршив, крпата беше претешка, па мојот поранешен дечко мораше да ми ја исуши косата“

„По кратко време, не можев да зборувам. Требаше да сте до мене за да ме чуете, бидејќи звучеше како зарипнат шепот. Не можев целосно да го затворам грлото, па се давев кога пиев течности“ – раскажува таа за лошото минато.

Кортни Рунион Кортни Рунион Кортни Рунион

Кортни целосно си го променила животот. Од водата што ја пиела, до исхраната и лекарствата, но ништо не ѝ помагало. Кога виделе дека состојбата само ѝ се влошува, докторите ѝ рекле дека не можат да направат ништо повеќе.

„Ги изгубив сите мои мускули, па кожата помеѓу коските и креветот ми даваше чувство како да си го штипеш прстот со вратата од автомобилот. Еден ден по Денот на благодарноста во 2017 година, се вратив дома во Тексас. Ме испишаа од Домот за нега, бидејќи состојбата ми се влошуваше и осигурувањето повеќе не ми дозволуваше да останам таму“ – рекла таа.

На почетокот, Кортни се чувствувала многу лошо што морала да се врати дома и повторно да зависи од родителите, но подоцна увидела дека ја направила вистинската одлука и дека никој не можел да се грижи подобро за неа од семејството.

Кортни Рунион

Бидејќи состојбата не ѝ се подобрувала, парализираната девојка започнала да се прашува што е она што продолжува да ѝ предизвикува стрес. Одговорот бил: нејзиниот дечко, кој постојано ја барал нејзината емпатија и не ѝ помагал. Така, нивната романса завршила, а два дена подоцна, Кортни започнала да закрепнува.

„Ја обожавам фразата ‘Не можеш да оздравиш во истата средина која те разболела’. Морав да заминам од Лас Вегас – таму беше лудо. Дадов отказ од работа. Го сакав поранешното момче, но воопшто не ми помагаше.“

„Ако има нешта што ти предизвикуваат стрес, нема да закрепнеш целосно како што сакаш ако не се ослободиш од нив“ – советува таа.

Кортни Рунион Кортни Рунион Кортни Рунион

Со помош на нејзините родители, интензивната терапија и рехабилитацијата, Кортни вратила најголем дел од она што го изгубила во 2017 година. Оттогаш има отидено на прошетка долга 800 километри во Шпанија и патува низ светот.

Инспиративната приказна на Кортни има допрено до милиони луѓе низ целиот свет преку нејзините мотивациски говори. Нејзините видеа на социјалните мрежи брзо стануваат вирални хитови.

@theunicort #thingswillgetbetter #learningtowalkagain #wasparalysed #autoimmunedisease #lifegoeson #youcandoit #hanginthere #goodthingshappen #hopeidontfall #gbs ♬ Elastic Heart (Piano Version) - Sia

„Има многу нешта кои можат да ги направат другите луѓе, а јас не можам. Но, има многу нешта кои јас можам да ги направам, а другите не можат – поради мојот хендикеп.“

„Променете го начинот на кој го гледате животот и себеси и тоа ќе ви даде нова реалност. Вистинската моќ се крие во нас. Во нашата внатрешност. Силата која ниту една личност или болест на може да ви ја одземе. Надежта, волјата, среќата и љубовта – ова се нашите вистински мускули“ – вели таа.

Кортни Рунион Кортни Рунион Кортни Рунион Кортни Рунион Кортни Рунион Кортни Рунион Кортни Рунион
@theunicort #camino #hikingacrossspain #buencaminoperegrino #hathayoga #recoveringfromparalysis #cidp #gbs #learningtowalk #overcomingchallenges #positivityonly ♬ Unstoppable - Sia

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.