Искрена порака на македонска докторка ќе ве трогне.
На Twitter профилот Опиум (Dokturkata), таа го опишува своето секојдневие, пренесува дека живее на релација работа-дома, речиси не си ги гледа родителите и престојува во спалната соба за да ги заштити најмилите, бидејќи мајка ѝ спаѓа во ранливите категории.
Прочитајте го текстот во целост:
Работам 24ки сама. Ако треба продолжувам плус смена. Се менуваме 3 колешки. Полиција ме носи, полиција ме враќа. 100 луѓе на еден лекар, сите збеснати за дома, сите по доктор викаат оти нема по кој друг. Прегледувам и со полиција до мене оти знаат да се агресивни.
Доктор е крив ако топломер покажи над 37C. Целосна опрема при секој контакт, не знаеш дали некој е позитивен. Живеам 2 недели на работа-дома, 2 пати бев само до продавница да кренам сè што можам, за да не се мешам дополнително во народ.
Најголем стрес ми е дома. Да имав избор немаше ни да се враќам, ќе живеев периодов на работа. Пред врата цел ритуал на слекување имам. Живеам во спалната оти е прва врата од влез. Тука јадам, спијам сè. Мајка ми нема пристап. Со маска сум константно.
Јас се имам помирено дека тоа ми е работа и имам огромни шанси да го фатам чудово. Колку и да се пазам. Нема да си простам само ако пренесам дома. Мајка ми е со хронична белодробна на пумпици и преживеан карцином на дојка 3б стадиум. Во ист стан се немаме ни видено што се вика.
И нема зуцнато бе. Ич се нема пожалено. Од прв ден кога почнав, муабетот е „тоа е мајкино, ќе помини, мора да одите". А не ѝ е сеедно. Јас се тресам за неа, таа се треси за мене.
И кај сите колеги ист е муабетот „не ми е за мене, за моите дома се плашам, само дома да не однесам".
И не, не можам да сфатам колку ви е тешко дома. Не можам да сфатам дека не можите 3 дена да ги прележите по дома со интернет, со серии, со телефони и дека не е хуман полицискиот час. И дека ви расипале празници и шеткарање за Велигден.
Родителите си ги немам гушнато месец и пол за ти да пое*** све за да лапнеш лажиче на причест???
Работам 24ки сама. Ако треба продолжувам плус смена. Се менуваме 3 колешки. Полиција ме носи, полиција ме враќа. 100 луѓе на еден лекар, сите збеснати за дома, сите по доктор викаат оти нема по кој друг. Прегледувам и со полиција до мене оти знаат да се агресивни.
— Опиум (@Dokturkata) April 15, 2020