Посветен син ѝ ја исполни најголемата желба на мајка си додека таа се бореше со Амиотрофична латерална склероза (АЛС). Во емотивното видео, тој ја носи на подиумот и ја подига од количката за да танцуваат на неговата свадба.
Младоженецот и невестата, како и сите гости, не успеаја да ги задржат солзите.
Видео
На 57-годишната Тери Хајтауер ѝ била дијагностицирана АЛС, прогресивна неуродегенеративна болест предизвикана од дегенерација на моторните неврони, нервните клетки во централниот нервен систем кои го контролираат волното движење на мускулите. И покрај тоа што била во количка и нејзиното здравје многу се влошило, нејзиниот син Скутер не се откажал од идејата да ѝ ја исполни последната желба – да танцуваат на неговата свадба.
На прославата, која се одржа во октомври минатата година, Скутер со помош на татко си ја подигна Тери од количката за да танцуваат на песната „Mothers“.
Тери починала 10 дена по свадбата.
Обидувајќи се да ја подигнат свеста за АЛС, блиските на Тери го замолиле студиото кое било ангажирано за снимање на венчавката да го објави видеото на Facebook. Снимката допре до милиони срца.