Бебето Афра е вистинско чудо.
Девојчето, кое се роди во Сирија непосредно по разорниот земјотрес на 6 февруари и беше пронајдено под урнатините со папочната врвца прикачена за мртвата мајка, сега е здраво и среќно бебе. Сите членови од нејзиното семејство починаа, само таа преживеа.
Моментот на извлекувањето на Афра од под урнатините беше снимен и стана вирален хит на интернет. Луѓе од целиот свет побараа да го посвојат девојчето, но нејзината тетка Хала ги отвори вратите од својот дом и со сопругот ја посвоија Афра.
Life amidst Destruction!
— Payal Mohindra (@payal_mohindra) February 7, 2023
A pregnant woman fighting for life under the debris gave birth to a child.#earthquake #Turkey #TurkeyEarthquake #PrayForTurkey #earthquakeinturkey #Turkiye pic.twitter.com/rsG2WTIQox
Таа сега среќно расте со двајца браќа и пет сестри, од кои една е родена два дена по Афра.
Хала ги доела двете бебиња.
„Ова девојче сега ми е ќерка. Еднаква е со моите деца“ – рекла таа.
„Многу е мала, но ме потсетува на нејзиниот татко и на сестра ѝ Навара, особено нејзината насмевка. И тие загинаа во земјотресот. Често поминуваа време кај нас“ – рекол Калил, кој ја прифати Афра како свое дете.
Тој раскажа за моментот кога ја извлече Афра од под урнатините и ја одведе во болница.
„Покривот падна врз нив. Некој ме викна и ми рече дека пронајдоа женско тело. Само што пристигнав, започнав да копам и слушнав глас. Тоа беше бебето Афра сè уште прикачено за мајка си. Бевме решени да ја спасиме, знаевме дека таа е единствениот спомен од нејзиното семејство“ – раскажал тој.
Новороденчето имало проблеми со дишењето поради прашината која ја вдишало, но сега е во добра здравствена состојба.