Почетна » Новости » Животни стории » Невеста која била силувана и малтретирана од таткото избра 15 мажи да ја одведат до олтарот наместо него

Невеста која била силувана и малтретирана од таткото избра 15 мажи да ја одведат до олтарот наместо него

Невеста избра 15 мажи за да ја одведат до олтарот. Сите тие ѝ биле како татковци додека растела и ја штителе од насилниот татко.

Ајви Џургенсен чекореше кон својот избраник покрај важните мажи во нејзиниот живот кои ѝ помогнаа да стане личноста што е денес. Меѓу мажите кои ја испратиле русокосата невеста биле нејзиниот брат и вујко ѝ, спортските тренери и како и полицаецот кој одиграл важна улога и го уапсил нејзиниот татко.

@karrahcreativeevents Tristen + Ivy. #weddingtiktok #bride #police #thinblueline ♬ original sound - Karrah Creative Events
@terra_nos A policial Ivy Jacobsen, de 28 anos, subiu ao altar com 15 dos homens mais importantes de sua vida, incluindo o policial que prendeu seu pai violento quando ela tinha apenas 16 anos. #TerraNós #Denúncia #Polícia #Casamento #Matrimônio #EUA #Noivos #TikTokNotícias ♬ som original - Terra Nós

Пред една деценија, таткото на Ајви бил уапсен за силување и малтретирање на дете и бил осуден на 16 години затвор. Тој ја малтретирал ќерка си од основно до средно училиште кога го запознала полицаецот задолжен за безбедноста во нејзиното училиште.

„Започнав да му се доверувам на полицаецот во нашето училиште и сфатив дека има големо срце, дека ја сака неговата работа и дека навистина се грижи за учениците. Тоа пријателство беше клучно за јас да избегам и да пронајдам правда.“

„Без овие мажи, мислам дека немаше да бидам онаму каде што сум денес во мојот живот. Ова беше специјален момент за кој сум благодарна што можев да го споделам со нив“ – рекла Џургенсен.

Ајви Џургенсен Ајви Џургенсен Ајви Џургенсен
@majicallynews She got the happy ending she deserved and it was on her own terms ( via: @Karrah Creative Events ♬ original sound - Majically News

Таа вели дека сака да им помогне на други жртви да го следат нејзиниот пример.

„Се надевам дека луѓето ќе извлечат сила од мојата приказна. Да знаат дека се способни да соберат храброст и да ја добијат помошта која ја заслужуваат за повеќе да не се безгласни. Не сте сами и заслужувате да бидете слушнати и да добиете правда. Спасувајќи се себеси може да спасите и други непознати жртви“ – рекла Ајви.

Ајви Џургенсен Ајви Џургенсен

Ајви вели дека воопшто не очекувала нејзината приказна да стане вирален хит.

„Ова ме инспирираше да напишам книга, бидејќи мојата приказна остана неискажана. Се надевам дека ќе допрам до тивките жртви кои не го пронашле нивниот глас. Јас преживеав страшни настани како дете кои лесно можеа да ме повлечат надолу. Статистички гледано, јас би требало да сум на улица, но имаше многу луѓе во мојот живот кои му помогнаа на дете кое не беше нивно. Не би била тука без полицаецот задолжен за безбедноста во училиштето кој ме штитеше, го уапси чудовиштето кое се изживуваше со мене и ме инспирираше да започнам кариера во полиција за да можам да ја штитам и да ѝ служам на нашата заедница и на нашата младина“ – рекла таа.

@karrahcreativeevents Replying to @Karrah Creative Events A little message from Officer Ivy. #police #thinblueline #weddingtiktok ♬ original sound - Karrah Creative Events

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20784 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.