Почетна » Новости » Животни стории » Неверојатна приказна: Спиел на подот од јавни тоалети со синчето, сега е мултимилионер

Неверојатна приказна: Спиел на подот од јавни тоалети со синчето, сега е мултимилионер

Доколку го имате гледано филмот „The Pursuit of Happyness“ или „Потрага по среќата“ ја знаете приказната за Кристофер Гарднер – инспиративниот маж, кој од бездомник што спиел со синот во јавни тоалети, стана мултимилионер.

Многумина не знаат дека тоа е всушност вистинска приказна за самохран татко, кој се жртвувал за да му обезбеди достоен живот на својот мал син.

Крис Гарднер

Гарднер е роден на 9 февруари 1954 година и имал доста турбулентно детство. Тој не го познавал својот татко и живеел со мајка си која неколкупати била во затвор и со насилен очув.

Кога имал 27 години, Крис со својата сопруга го добиле првиот син – Кристофер Џуниор. Проширувањето на семејството, покрај тоа што внело радост, довело до зголемени трошоци кои го натерале Крис да пронајде нова работа со поголема плата.

Но, приходите сè уште не им биле доволни и Крис никако не можел да „врзи крај со крај“. Тој постојано се стремел да пронајде поплатена работа.

Крис Гарднер

Клучниот момент кога животот на Гарднер се променил, бил кога запознал човек кој работел како брокер на берза. Високиот износ што го заработувал брокерот Боб Бриџис и луксузот во кој живеел го примами Гарднер.

Крис дал отказ и со помош на Боб влегол како практикант во брокерска фирма. Секако, тоа не му ги овозможувало паричните средства што му биле потребни, но Крис не се откажал и го ценел искуството и знаењето со кое се стекнувал.

Набрзо, неговата сопруга Џеки Медина го напуштила и побарала од него да се грижи за нивниот мал син.

Поради тоа што 62-годишниот Американец растел без својот вистински татко и имал насилен очув алкохоличар, уште од мали нозе си дал ветување дека никогаш нема да ги напушти своите деца. „Минав низ болка кога бев мало дете, па моите деца не треба да минуваат низ тоа. Кога имав 5 години донесов одлука дека моите деца ќе го познаваат својот татко“ – вели Крис. Тоа бил мотивот кој го водел напред и му давал сила да продолжи да се бори за да му обезбеди сигурен дом на своето детенце.

Во меѓувреме, очајните татко и син морале да спијат во јавни тоалети и малкуте средства кои ги имале ги трошеле за да си набават храна. „Имаш избор, или јадеш или престојуваш во хотел. Ние одлучивме да јадеме“ – вели Крис.

По толку проблеми, Крис конечно добил радосна вест – работно место со полно работно време во фирмата во која бил практикант.

По вработувањето тој конечно можел да обезбеди покрив над главата, но сè уште одел на работа само во два костуми, а голем дел од средствата кои ги заработувал ги давал за да плати дневен престој за синчето.

крисКрис со својот син

Неговиот живот и кариерата полека, но сигурно, започнале да „цутат“. Во 1987 година, тој ја основал својата брокерска фирма „Gardner Rich“ во Чикаго. Неговото богатство денес се проценува на околу 60 милиони долари.

Гарднер до ден-денес патува низ светот и држи мотивациски говори за да ги инспирира луѓето да не се откажуваат од своите соништа.

Животната приказна на инспиративниот маж е раскажана во неговата книга „The Pursuit of Happyness“, според која во 2006 година е снимен и истоимениот филм.

Во филмот, Вил Смит и неговиот син Џејден влегоа во улогите на Кристофер Гарднер и Кристофер Џуниор.

крисКрис и Вил Смит крисКрис со Вил и Џејден Смит крисКорицата на книгата на Гарднер

„Долг пат до Вол Стрит – така другите го опишуваат мојот живот. Но, кога ќе погледнам назад на патувањето од бездомништво до просперитет, јас држам нешто што е подраго од сè друго – посветеноста кон син ми“ – Кристофер Гарднер.

Трејлер за „The Pursuit of Happyness“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20804 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.