Почетна » Новости » Животни стории » „Не ја спасивме ние неа, таа нè спаси нас“: Реакцијата на мајка кога ќе го здогледа бебето што го посвојува

„Не ја спасивме ние неа, таа нè спаси нас“: Реакцијата на мајка кога ќе го здогледа бебето што го посвојува

Мајка сподели емотивни фотографии, видео и текст од посвојувањето на втората ќерка и насолзи многу очи низ светот.

Хедер и Брент повеќе од две години се бореле со неплодност пред да донесат одлука да посвојат дете. Во 2016 година парот од Мичиген ја посвои првата ќеркичка.

Пред неколку недели се роди второто девојче кое го посвоија, а моментот кога Хедер за првпат ќе ја земе својата ќеркичка во прегратка беше овековечен со фотографии и видео.

За да го сподели своето искуство, среќната мајка напиша текст во кој раскажа подетално за двете посвојувања.

Посвојување Посвојување Посвојување Посвојување Посвојување

По повеќе од две години поминати во неуспешни обиди за забременување, знаевме дека сме на погрешниот пат. Ние не се стремевме кон бременост, туку кон свои деца. Не чувствувавме потреба да ја имаат бојата на нашите очи или косата, или нашиот тен, нашата крв; само имавме потреба да им ја дадеме нашата љубов.

Осум месеци по започнувањето на процесот за посвојување, се роди првата ќерка на парот, Вила.

Таа беше совршена во секој поглед, повеќе одошто можевме да сонуваме за нашето прво дете. Нè научи на вонсериската љубов на родителите и ни ги излечи нашите скршени срца.

Иако малото девојче им ги наполнило срцата на родителите, тие знаеле дека нивната приказна не е целосна. И двајцата копнееле за уште едно детенце.

Ги ценевме деновите поминати со Вила, но навечер сонувавме за второ дете. Како ќе изгледа? Какво ќе биде? Од каде? И кога? Чекањето за посвојување е истоштувачко. За разлика од бременоста, нема временска рамка.

Чекањето конечно се исплатило кога самохрана мајка на едно синче, која претходно изгубила бебе поради смрт во колевка, го контактирала парот. Таа сакала да го даде на посвојување нејзиното неродено девојче. Двете жени започнале да контактираат, а кога се сретнале лице в лице тие веднаш се поврзале.

Се роди нераскинлива врска меѓу две мајки, една со бебе во нејзиниот стомак, а друга со бебе во нејзиното срце.

Посвојување Посвојување

Кога се родило малото бебенце, парот и Вила возеле 17 часа за да стигнат во болницата. За емотивната средба, Хедер пишува:

„Неа ја одведоа во болница, а ние скокнавме во автомобилот за да отпатуваме на другата страна на државата. Наместо да бројам минути меѓу контракциите, јас броев километри. Бевме во близина на границата со Индијана кога се роди втората половина од нашите срца. Месечината светеше на небото и иако бев цела вечност оддалечена од неа, сè што помислував беше дека сме под иста месечина.“

„Кога влегувавме низ болничката врата, нозете ми се здрвија и можев да го почувствувам пулсот низ целото тело. Немав спиено 24 часа, но телото и умот ми беа будни, исполнети со адреналин и со големината од она што требаше да се случи. Сакав да трчам колку што е можно побрзо, да ги турнам вратите и сè што ми стоеше на патот. Се разминавме со доктори, сестри и пациенти кои си ги извршуваа секојдневните обврски, несвесни за магијата која се случува пред нив.“

„Ми ја ставија в раце и без сомнеж знаев дека отсекогаш беше таа. Целата тежина, хаос и грдотија беа за неа. Часовите поминати во пребарување и планините со документи беа за неа. Телефонските повици, интервјуата, ѕиркањата во личниот живот и испрашувањата беа за неа. Штедењето и собирањето пари беа за неа. Милионите молитви и солзи беа за неа. Седењето до доцна во ноќта на подот од бебешката соба, чекајќи го мојот ред, беше за неа. Сè за ова совршено, скапоцено мало девојче, кое за само еден мал момент ни ја комплетираше фамилијата, ми го излекува срцето и нè направи родители по вторпат, а Вила сестра. Преслатка, преслатка Адела. Онаа која ја чекавме. Не ја спасивме ние неа, таа нè спаси нас. Ние бевме среќниците.“

Посвојување Посвојување Посвојување Посвојување Посвојување Посвојување Посвојување Посвојување Посвојување Посвојување

Видео

Посвојување Посвојување Посвојување

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20838 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.