Една фотографија, илјада зборови.
Честопати не се потребни многу зборови и фотографиите раскажуваат цели приказни и предизвикуваат најсилни емоции. Таков е случајот со фотографиите од разнежнета мајка која го дои својот новороден син.
Мајката, чиј идентитет не е откриен, во текот на бременоста дознала дека има рак на дојка во трет стадиум. Таа била принудена да прима хемотерапија и оперативно да си ја отстрани дојката, а имала индуцирано породување во 36. недела од бременоста со цел да продолжи со лекувањето.
Фотографката Кејт Мари, која застана зад објективот во породилната сала, ги објави емотивните фотографии на Facebook и допре до илјадници срца. Нејзината објава е споделена повеќе од 100 илјади пати. Во описот на фотографиите, Мари пишува:
„Ова е дефиниција за сила, љубов и чиста убавина. На мајката ѝ беше дијагностициран рак на дојка во трет стадиум кон средината на нејзината бременост. Едната дојка ѝ беше отстранета и примаше хемотерапија додека го носеше своето бебе-чудо.“
„МОМЧЕТО се роди подготвено да му ја покаже на светот силата која ја наследи од својата силна мајка. Тоа само започна да цица од нејзината преостаната дојка, а во собата избија многу емоции. Доењето е многу света врска, а оваа ми го разби и зголеми срцето истовремено.“