Летните денови нè мамат да уживаме под топлите сончеви зраци, но не треба да забораваме да ја заштитиме кожата колку што може повеќе.
Приказната на Бетани Гамбардела-Гринвеј, за нејзината борба со рак на кожата, ќе ве предупреди за последиците од сончањето и посетувањето на солариум.
Со споделувањето на шокантните фотографии од својата битка со меланомот, таа цели да ја подигне свеста за страшната болест која секојдневно згаснува илјадници животи.
Во 2015 година, додека била бремена со своето второ дете, 39-годишната мајка од Тексас случајно си открила темна дамка на кожата на лицето.
Нејзината загриженост за дамката ја снемало откако посетила дерматолог, кој ја уверил дека не е ништо опасно. Сепак, времето го покажало спротивното.
Осумнаесет месеци подоцна, дамката се претворила во бемка која ѝ предизвикувала болка. Тогаш, нејзе ѝ бил откриен дезмопластичен меланом, вид на агресивен рак на кожата.
На Бетани ѝ била отстранета бемката, но лошата вест била што ракот се проширил и на коските и лимфни јазли, па таа морала да започне да прима имунотерапија.
„Радијацијата дефинитивно беше најлошиот дел. Беше пекол. Ми ја изгоре внатрешноста на устата. Имав многу болки во грлото. Кожата ми беше покриена со рани, го изгубив сетилото за вкус, гласот ми стана груб, на третата недела косата започна да ми паѓа на третираната област. Додека да завршам со терапијата изгубив 18 килограми, бидејќи јадењето стана измачување. Сега сум речиси целосно излечена од радијацијата, која трајно оштети една плунковна жлезда и ја промени мојата коса“ – вели таа.
Бетани се обидува да ги убеди луѓето да користат креми за сончање со заштитен фактор за да не минуваат низ истиот пекол како неа. „Престанете да се печете на сонцето и да одите во солариуми. Тенот не е здрав сјај – тоа е оштетена кожа“ – предупредува таа.
Прочитајте повеќе за тоа како навремено да го откриете меланомот: