Почетна » Новости » Животни стории » Мајка со фотографија од синот кој беше прегазен од автомобил предупредува за важноста на носењето кацига

Мајка со фотографија од синот кој беше прегазен од автомобил предупредува за важноста на носењето кацига

„Кацигата е причината поради која Џек е жив денес“ – вели мајката на момче кое за среќа преживеа откако беше прегазено од автомобил.

Таа ја раскажа случката и сподели фотографија од повреденото момче во болница за да ја истакне важноста на носењето заштитна кацига.

Џек

Прочитајте ја целата приказна:

Секогаш го терав Џек да носи кацига. Тоа беше едно од нештата што ги правевме без приговор со надеж дека тоа ќе му биде навика секојпат кога ќе се качува на велосипед до крајот на животот.

Свртивме на аголот и се упативме кон кафетеријата во која одевме. Додека се доближувавме до улицата, извикав: ‘запомни, застануваме тука и го туркаме велосипедот до паркингот’. Токму во тој дел од секунда тој не застана и пред да се освестам, видов црвен автомобил како удри во моето момче, го турна од велосипедот и тој исчезна под возилото. Неговата глава беше пред тркалото, а неговото тело назад и не можев да го извадам.

Имаше луѓе кои се обидуваа да помогнат. Се сеќавам дека го гледав возачот и врескав: ‘врати се назад, врати се назад’, имаше уште еден маж покрај мене кој го велеше истото.

Возрасниот господин кој возеше, немаше поим што се случува (воопшто не беше виновен) и тргна, но возеше напред и помина преку главата на Џек.

Буквално го гледав тркалото како поминува преку главата на моето дете. Го слушнав најгласното пукање на кацигата и во тој момент мислев дека моето дете ќе умре. Никогаш во животот не сум била толку исплашена. Го држев и викав некој да повика брза помош. За кратко време, пристигнаа две амбулантни возила.

Во болницата, направија серија испитувања и утврдија дека е надвор од животна опасност. Ми олесна. Следно, направија компјутерска томографија на мозокот за да видат дали има оштетување.

Докторот излезе и ни кажа дека нема ни крварење, ни каква било друга повреда на неговиот мозок.

Во тој момент, знаев дека јас му го спасив животот на моето бебе. Тоа што Џек носеше кацига, буквално му го спаси животот.

Џек немаше да преживее или ќе имаше сериозни повреди на мозокот ако не носеше кацига тој ден.

Сé уште возиме неколкупати неделно и сé уште носиме кациги. СЕКОЈПАТ.

Џек Џек Џек

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.