Почетна » Новости » Животни стории » „Мајка му и татко му го оставија и никогаш повеќе не се вратија“: Самохран татко посвои 11-годишно напуштено момче

„Мајка му и татко му го оставија и никогаш повеќе не се вратија“: Самохран татко посвои 11-годишно напуштено момче

Самохран татко посвои 11-годишно момче кое било напуштено двапати во животот – еднаш од биолошките родители и уште еднаш од семејство кое го имало посвоено.

Питер Мутабази досега има згрижено голем број деца, но вели дека посвојувањето на Антони било најдоброто нешто што му се случило во животот. Тој сега е на мисија да ја подигне свеста кај луѓето за згрижувањето и посвојувањето.

Питер Мутабази

Неодамна, Питер во текст ја раскажа тешката животна приказна на Антони пред тој да го добие неговото презиме:

Антони влезе во згрижувачко семејство на 2-годишна возраст и беше посвоен кога имаше 4 години. Беше помалото момче од двете што беа посвоени од семејство од Оклахома. Шест години по финализирањето на неговото посвојување, семејството го одведе во локална болница каде што тој беше примен. Неговите мајка и татко заминаа за да се вратат во семејниот дом и тоа беше последен пат кога тој ги виде. Никогаш не се вратија за да го земат синот кој толку многу години ги викаше Мама и Тато. Сите ветувања за вечно семејство беа одвеани од ветерот, а ова момче беше оставено само, напуштено, преплашено и емоционално скршено. Најлошиот дел беше што тој не ни знаеше кога и дали некогаш ќе се вратат по него. Повеќето луѓе не можат да разберат дека родител може да му го направи ова на детето, но тоа ним не им е прв пат. За жал, неколку години претходно, тие му го направија потполно истото нешто и на нивниот друг посвоен син.

Питер Мутабази

Пред Питер да го добие повикот за згрижување на Антони, две деца кои ги имал згрижено се вратиле кај своите биолошки родители по месеци живеење со него. Огромната тага му велела да не се зближува премногу со другите деца кои ќе дојдат во неговиот дом. Но, Антони бил поинаков и веднаш му го освоил срцето.

Дваесет минути по неговото пристигнување ме праша дали може да ме вика „Тато“. Тој не беше типично дете, бидејќи повеќето згрижени деца најпрво сакаат да те потсетат дека не им си татко и дека никогаш нема да бидеш.

Питер му одговорил дека не сака да го вика „Тато“ и да му се обраќа со „Господин Питер“. Тој дури не сакал ни да праша каква е приказната за Антони.

Питер Мутабази

По изминувањето на викендот, социјалната работничка пристигнала во неговиот дом за да го земе Антони. Тогаш Питер се охрабрил да ја праша какво минато има Антони и не можел да поверува што слуша.

Семејството кое го пораснало, го напушти во болница и никогаш повеќе не се врати да го посети. Потпишаа согласност со која се откажуваат од родителските права и никогаш не се свртија назад. Бев шокиран! Не ми се веруваше што слушам. Почнав да плачам од лутина за тоа што тие луѓе му го направија на ова 11-годишно дете. Не знаев ни дека постојат такви нешта. Потоа дознав дека тоа се вика ‘неуспешно посвојување’. По една деценија, родителите можеле да го вратат посвоеното дете во старателство на државата како да е некаков предмет за еднократна употреба. Срцето ми се скрши на милион парчиња. Како е можно човечко суштество, а уште помалку дете, да биде така оставено? Како може да заминат и сиве овие години да не копнеат повторно да го видат или да му го слушнат гласот? Додека плачев беспомошно, прашав каде ќе го одведат. Ми одговорија дека тој нема семејство и дека нема достапни згрижувачки семејства, па ќе мора да оди во групен дом. Немаше шанси да дозволам тоа да се случи.

Одбив да дозволам тој повторно да биде оттурнат. Покрај сè, тој веќе ме викаше Тато. Бев подготвен тој да ме вика Тато сè додека тој сака да ме вика така.

Питер Мутабази Питер Мутабази

На 12 ноември, конечно започнав да го делам моето презиме со овој младич кој сега официјално ми е син. Ова е благословот за кој сум најблагодарен во животот. Ова беше неверојатно патување. Во изминатите три години имам згрижено 11 деца, а Антони беше покрај мене низ сето тоа. Во изминатите 19 месеци, има прочитано повеќе од 500 книги и брзо пронајде неверојатни пријатели во црквата, на училиште и во згрижувачката заедница. Јас сум одушевен колку е издржлив и позитивен и покрај сè што претрпел.

Питер Мутабази Питер Мутабази

Ова патување не беше постела од рози, но над сè, беше огромен благослов. Научив како да го сакам и да го гледам најдоброто во него. Тој ме научи да сонувам големи соништа, да се грижам повеќе, да сакам повеќе и да не се воздржувам. Ме научи никогаш да не велам „не“ и да ги следам моите соништа. Се покажа дека најдобрите нешта доаѓаат од најнеочекуваните луѓе и места. Како таа ноќ кога тажев за момчињата што ги изгубив, а социјалната работничка ме одведе до најневеројатниот младич кој со гордост го нарекувам мој син. Можеби е изненадување што ќе речам дека мене ми требаше мојот син повеќе отколку што јас му требав нему.

Додека јас и син ми го подготвуваме нашиот дом за нови згрижувања, исполнети сме со возбуда и со нетрпение очекуваме да го видиме она што сметаме дека е возможно, да стане возможно преку љубов и верба.

Питер Мутабази

Питер израснал во мало село на границата меѓу Уганда и Руанда. Тој живеел во сиромаштија и бил малтретиран од неговиот татко. На 10-годишна возраст избегал од дома и молел за храна сè додека не добил помош од прекрасно семејство, кое му овозможило образование и му помогнало да стане личноста што е денес.

Питер Мутабази Питер Мутабази Питер Мутабази

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.