Мајките се наши ангели-чувари, а Чализ Смит е доказ за тоа.
50-годишната Американка го износи и го роди детето на својата ќерка Кејтлин, која се бори со неплодност.
„Мајка ми е жив ангел кој ни донесе уште еден благослов во кој сме вљубени“ – напиша Кејтлин во описот на фотографии од породилната сала.
Кејтлин има родено едно дете – синчето Калахан, кое го добила со ин витро оплодување.
Додека била во блажена состојба нејзе ѝ бил дијагностициран Сјогренов синдром, автоимуна болест која главно ги погодува егзокрините жлезди.
Кејтлин исто така страда од ендометриоза, која многу често е причина за неплодност.
Кога дознала колку многу Кејтлин сака да има второ дете, Чализ по долго размислување одлучила да ѝ стане сурогат.
„Таа беше среќничка што успеа да го износи Калахан речиси до крај, бидејќи Сјогреновиот синдром често предизвикува спонтан абортус“ – изјавила мајката Чализ.
„Долго време размислував за тоа дека Кејтлин нема да може да има повеќе деца. Си ги чував мислите во себе додека да бидам сигурна дека не носам емотивна одлука да ѝ станам сурогат. Неколку месеци подоцна ѝ се јавив и ѝ предложив да ѝ бидам сурогат. Таа беше шокирана од идејата. Со мојата возраст, морав да минам низ многу здравстени прегледи пред да добиеме потврда дека можам да станам сурогат-мајка. Откако ни беше дадено зелено светло, во септември ми беа имплантирани два ембриони. Така забременив и сега ја носам мојата внука“ – додала таа и открила дека Кејтлин отсекогаш сонувала да има многу деца, исто како мајка си.
„Ѝ благодарам на мајка ми за нејзината несебичност на ова патување“ – вели Кејтлин.
Бебенцето се родило тешко 3,5 килограми и го доби името Алајна Кејт-Чализ.
Чализ е мајка на осум деца, а сега беше бремена по деветти пат.