Почетна » Новости » Животни стории » Сестринска љубов: Жена го износи и роди бебето на сестра ѝ, која 14 години се борела со неплодност

Сестринска љубов: Жена го износи и роди бебето на сестра ѝ, која 14 години се борела со неплодност

Не постои поголем подарок од дарувањето живот и токму затоа фотографиите на Мишел и Сара насолзуваат очи.

Мишел несебично го износи и роди бебето на сестра ѝ, која 14 години се борела со неплодност. Моментите беа овековечени со емотивни фотографии.

Емотивно породување Емотивно породување Емотивно породување Емотивно породување Емотивно породување

„Деветти април 2019 година беше најневеројатниот ден од мојот живот. Не само што заврши нашата 14-годишна борба со неплодноста (која вклучува стотици лекарски прегледи, безброј хормонски инјекции и грижа, вина и страв дека никогаш нема да станам мајка), туку заврши во доба полна со љубов, жртвување и надеж. На некој начин, моето споделување дека не можам да забременам го зближи моето семејство, пријателите и непознати лица заедно на начин кој никогаш не можев да го замислам... моето семејство сега е комплетно.“

„Стоев покрај болнички кревет и учествував во породувањето на мојата ќерка, најневеројатното искуство во мојот живот. Додека го држев моето девојче во рацете, зјапав со одушевување во мојата истоштена сестра на која ѝ се слеваа по лицето солзи-радосници. Таа штотуку ја роди мојата ќерка и јас бев преплавена од емоции“ – пишува среќната мајка.

Емотивно породување Емотивно породување Емотивно породување Емотивно породување Емотивно породување Емотивно породување

Сара и нејзиниот сопруг Бен стапија во брак во средината на нивните 20-ти години и по кратко време започнале да се обидуваат да создадат свое семејство. Но, нивните обиди биле залудни. Секој негативен тест за бременост водел до поголемо и поголемо разочарување. Ништо не функционирало.

Додека тие се обидувале да зачнат, сестрите на Сара родиле свои деца и поради тоа, семејните собири кај неа буделе тага и болка.

„Со сето тоа се справувавме со молчење, никој во нашето семејство не знаеше дека се обидуваме да имаме дете. Сите мои сестри веќе имаа деца. Како би можеле да се поврзат со нас? Семејните собири станаа потсетник на она што ние го немавме, па затоа престанавме да одиме за празниците и кога имаше семеен настан. Имавме повеќе внуки и внуци отколку што можевме да избориме... Што правевме погрешно?“ – се потсетува Сара за времето кога со завист гледала на луѓето кои имале деца.

Емотивно породување

Парот има и синче, кое го доби откако полусестра на Бен влегла во улога на сурогат-мајка.

„Првпат кога некој ни понуди да ни биде сурогат беше во април 2015 година. Веќе 10 години се обидувавме да имаме дете. Полусестрата на Бен ме праша дали сакаме да имаме деца, а јас го спуштив штитот и ѝ кажав дека се обидуваме 10 години и дека ништо не функционира. Таа се насмевна и рече: ‘Јас ќе ви бидам сурогат’. Ѝ се заблагодарив, но не мислев дека е сериозна. По една недела, добив повик од неа: ‘Разговарав со сопругот и децата и направив истражување. Навистина сме возбудени што ќе ви бидам сурогат’. Не знаев што да речам“ – раскажува Сара.

Емотивно породување

Синот на Сара и Бен се роди на 23 мај 2017 година. Тие биле пресреќни што конечно станале родители.

Емотивно породување Емотивно породување

Сестрата на Сара, Мишел, ѝ се јавила по една година и исто така изразила желба да им биде сурогат-мајка.

„Уште откако ми кажа дека Џена ќе ви биде сурогат, чувствував дека тоа требаше да сум јас. Да знаев дека имате проблеми, ќе ти понудев порано. Среќна сум што ќе можам да ви го комплетирам семејството“ – ѝ рекла таа.

Емотивно породување

„Секогаш бевме многу блиски со Сара додека растевме. Но, потоа јас започнав да раѓам деца, а таа не. Цели 12 години, таа никогаш ни немаше кажано за нејзината битка со неплодноста. Мислев дека брка кариера и дека избрала да нема деца. Се раздалечивме, бидејќи мојата радост беше нејзина болка, а јас немав претстава. Но, сега, заедно ја споделуваме оваа радост и ова патување и сме поблиски отсекогаш“ – вели Мишел.

Емотивно породување Емотивно породување Емотивно породување Емотивно породување Емотивно породување Емотивно породување Емотивно породување Емотивно породување Емотивно породување Емотивно породување Емотивно породување

„Целото мое семејство долета во Оклахома за да ме поддржи за време на раѓањето на ќерка ми и сите леевме солзи-радосници. Собата беше полна со љубов. Неплодноста, причината која со години ме оттурнуваше од семејството, сега беше причината која нè собра заедно“ – пишува Сара.

Емотивно породување Емотивно породување Емотивно породување Емотивно породување

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19831 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.