Почетна » Новости » Животни стории » Мајка го придружувала парализираниот син на секое предавање на факултет, доби почесна диплома

Мајка го придружувала парализираниот син на секое предавање на факултет, доби почесна диплома

Не постои нешто што една мајка не би го направила за своето чедо.

Мајка доби почесна диплома откако присуствувала на секое предавање на својот квадриплегичен син за тој да може да дипломира.

Бидејќи Марти О`Конор не можел да ги движи своите раце за да пишува белешки, неговата мајка Џуди го правела тоа наместо него. Истрајната жена сега му одржува лекција на светот за тоа колку е важно да бидеме покрај нашите деца кога најмногу им сме потребни.

Погледнете ја нејзината реакција при примањето на дипломата и прочитајте ја приказната на инспиративното дуо:

29-годишниот студент ја изгубил способноста да ги движи сите четири екстремитети во 2012 година, кога паднал по скали. Марти се чувствувал многу лошо поради неизвесната иднина, но потоа решил да ги преземе нештата во свои раце.

Бидејќи имал дипломирано две години претходно, тој започнал да бара програма за продолжување на своето образование на постдипломски студии. Кога одлучил дека сака да продолжи да учи, неговата мајка била покрај него, уверувајќи го дека не е сам.

Џуди присуствувала на секое предавање и на секој групен проект, кревала рака наместо него, водела белешки и ги пишувала одговорите за време на испитите... Цели две години.

Џуди и Марти

„По повредата не знаев на каде да тргнам, немав насока. Не знаев како би се вратил на училиште без да можам да пишувам, да ги користам рацете или да можам да кренам рака. Но, мислам дека тоа ме предизвика да си направам интроспекција и да видам кои силни страни би можел да ги искористам и како би можел да ја искористам мојата ситуација за да работам на некои нови способности. Тоа е ме направи многу трпелив и промислен во сè што правам. Сега се справувам подобро на училиште одошто кога било во мојот живот“ – рекол Марти.

„Со мајка ми создадовме навистина специјална врска и заедно постигнавме многу повеќе одошто ако се обидував сам. Направивме големи работи заедно“ – додал тој.

Џуди и Марти

Пред дипломирањето, Марти му предложил на ректорот на универзитетот да ѝ додели почесна диплома на Џуди.

Се разбира, таа била пресреќна.

„Како мајка, само сакаш да им помогнеш на децата да поминат низ одредени нешта. Секогаш верував во него и знаев дека може да го направи тоа, но сакав да му го чувам грбот“ – рекла таа.

„Го направив тоа од срце. Кога ќе се случи повреда на `рбетот, сакаш да се вмешаш и да ја подобриш ситуацијата, но не можеш. Ова беше нешто што можев да го направам за син ми и навистина бев среќна што на некаков начин можев да ми помогнам“ – рекла Џуди.

„Бев трогната што син ми го направи тоа за мене. Многу ме изненади. Бев во клупите со неговите соученици цели две години, па беше специјално што можев да ги запознам“ – додала таа.

Џуди и Марти

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20805 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.