Почетна » Новости » Животни стории » Македонскиот јутјубер Стефонатор со емотивно видео објави дека го победи туморот на тестисите

Македонскиот јутјубер Стефонатор со емотивно видео објави дека го победи туморот на тестисите

„Го победив туморот“ е насловот на видеото кое Стефонатор со месеци со душа чекаше да го сними за да одбележи триумф над ракот.

Стефан Рашковиќ дозна дека има тумор на тестиси во јули минатата година и оттогаш помина низ две операции и неколку циклуси хемотерапија за да може низ солзи-радосници да каже „имав резултати завчера, што ми кажаа дека сум излечен“.

„Изгледа кончено заврши овој хорор и се чувствувам како сега, во моментов, да ми почнува некој си втор живот“ – вели младиот јутјубер, потенцирајќи дека сега ќе може повторно да се врати со полна пареа на креирањето на содржини.

„Сакам да им дадам поддршка на сите што во моментов поминуваат низ ова, и полесно од моето и потешко од моето... Мислам дека најдобриот совет што можам да ви го дадам е да работите многу на вашата психа и да гледате да останеше што е можно психички здрави и да не се давате. Да се опкружите само со позитивни луѓе, со позитивни работи да не гледате толку лошо во ова лошо. Да пробате да го игнорирате колку-толку и да се молите дека ќе си помине и дека е само еден лош период што е тука за да ве направи вас многу посилни“ – сподели тој и им се заблагодари на сите за огромната поддршка која ја добивал.

Стефан сподели дека е исправен пред сериозен здравствен предизвик на почетокот на март во видеото „Време е да зборуваме“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.