Почетна » Новости » Промо » Подравка подарува рачно цртани патики инспирирани од новите нудли и јутуберот Steffonator

Подравка подарува рачно цртани патики инспирирани од новите нудли и јутуберот Steffonator

Веројатно ова е најмодерниот спој на храна и обувки кој што сте го виделе досега, а е дел од проектот на компанијата Подравка за промоција новите производи – инстант нудли. Станува збор за рачно исцртани, уникатни патики, инспирирани од извртените нудли на Подравка, a специјално дизајнирани за најпознатиот јутубер Steffonator. Тоа не се обични патики, туку симбол на јадењето со кое се поврзуваш.

Подравка патики Подравка патики Подравка патики

За таа цел, Подравка ги спои легендите за изработка на „custom-made“ патики кај нас, S.WithADot со познатиот јутубер Steffonator, кој воедно е и заштитно лице на оваа кампања, и ги создадоа овие персонализирани, “streetwear” #OneOfAKinds рачно исцртани патики. Целиот дизајн на двете патики е аплициран со преку 107 часа рачна работа, со патентирани бои и патиките со нудли вклучуваат сертификат за автентичност со името на Steffonator.

Дизајните на патиките со нудли се аплицирани на еден од најпродаваните модели на патики на сите времиња, класичните Nike Air Force 1.

Подравка патики Подравка патики

Од 10.05.2023 до 17.05.2023 секој има шанса да освои „custom - made“ патики со нудли,исти како на јутуберот Steffonator. Се што треба да направите за да учествувате во дарувањето кое ќе биде организирано на инстаграм профилот на Steffonator , е да ги тагнете вашите пријатели и да очекувате дека можеби вие и Steffonator ќе бидете единствените кои ќе ја имаат шансата да носат уникатни патики со нудли од Подравка. Победникот ќе биде прогласен во живо, на YouTube каналот на Steffonator.

И додека чекате да учествувате во дарувањето за „custom - made“патики, зошто да не направите пауза за ужинка со нудлите на Подравка? Изберете кокошкини, говедски или пак зеленчукови нудли и вратете си ја енергијата. Потребни ви се само три минути, чинија, виљушка или стапчиња.

Подравка патики Подравка патики Подравка патики Подравка патики Подравка патики Подравка патики Подравка патики

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.