Почетна » Новости » Животни стории » Куче му го спаси животот на повреден планинар во Хрватска, топлејќи го со своето тело цели 13 часа

Куче му го спаси животот на повреден планинар во Хрватска, топлејќи го со своето тело цели 13 часа

Кучињата постојано ни докажуваат зошто се нарекувани најдобри пријатели на човекот.

Вистинската приказна за куче кое му го спаси животот на повреден планинар во Хрватска ќе ви го згрее срцето. Грга Бркиќ се искачувал на највисокиот врв на Велебит заедно со уште двајца други планинари и кучето Норт. Во еден момент, кучето не сакало да продолжи, бидејќи чувствувало дека не може да помине по замрзнатата патека по која оделе планинарите. Грга се вратил по него и двајцата се лизнале.

Кучето Норт цели 13 часа лежело врз планинарот кој си ја повреди ногата и го греело со своето тело, спасувајќи го неговиот живот. Дури и откако Грга бил пронајден, кучето не сакало да го напушти.

Грга Бркиќ Грга Бркиќ

„Пријателството и љубовта помеѓу човекот и кучето не познава граница. Поради сплет на несреќни околности вчера попладне се лизнаа заедно низ падината. Заедно во среќни и тешки моменти, таков е животот. Норт помина без повреди, но неговиот пријател, млад планинар немаше таква среќа“ – напишаа од хрватската планинарска спасувачка служба.

Грга Бркиќ

„Се стутка врз него и го грееше со своето тело. Неговата лојалност не престана ни по доаѓањето на спасувачите, беше еден од нас и го чуваше својот човек 13 часа. Од овој пример сите можеме да научиме да се грижиме еден за друг“ – додадоа тие.

Јосип Гранич, директорот на Хрватската шумска служба за спасување, за BBC рекол: „Тоа беше неверојатно спасување. Кучето го грееше човекот 5 и пол часа во снегот и уште седум часа додека го спуштавме низ планината. Не сакаше да се одвои од него“.

Планинарот имал сериозни повреди и е опериран, но е надвор од животна опасност. Кучето Норт ги освои симпатиите на луѓето не само на Балканот, туку и низ целиот свет.

Грга Бркиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21251 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.