Обожавателка на животни создава прекрасни илустрации кои им го греат срцето на сите кои имаат куче.
Артистката Јаојао Ма Ван Ас ја слика специјалната врска, згодите и незгодите со кучето Паркер, покажувајќи дека овие крзнени миленици навистина се најдобри пријатели на човекот.
„Паркер ми е син, го сакам премногу. Мислам дека секој што си го сака своето куче колку мене, разбира колку е силна нашата врска. Пакер и јас функционираме на иста фреквенција. Сака да скока на мене кога сум среќна и ме теши кога сум вознемирена. Тој е моја емоционална поддршка“ – вели Јаојао.