Почетна » Новости » Занимливости » Љубов кон животните: Ветеринар појадува во кафез со напуштено и исплашено куче

Љубов кон животните: Ветеринар појадува во кафез со напуштено и исплашено куче

Ветеринар, кој појадува во кафез покрај напуштено и исплашено куче, ќе ве исполни со почит кон луѓето кои ги сакаат животните.

Кучето Грејси Клер било пронајдено од случаен минувач во многу лоша состојба. Кога д-р Енди Матис добил повик со молба да го прими изнемоштеното животно во својот центар, тој не можел да одбие. Првиот преглед покажал дека состојбата на Грејси е критична. Таа тежела 9 килограми, била дехидрирана, анемична, имала хипотермија и вагинален пролапс и не сакала да биде во близина на луѓе, најверојатно поради претходно малтретирање.

Искусниот ветеринар се колебал дали да ја успие, бидејќи нешто му велело да ѝ даде втора шанса. Преку Facebook, Енди се консултирал и со други лица, пишувајќи: „Потребен ми е совет. Практичниот ЈАС ми вели дека треба да ја успијам, но ветеринарот ЈАС сака да се обиде и да ѝ даде шанса“.

„Обиди се“ – бил советот на многу добродушни лица, кои веднаш донирале средства за да ги покријат медицинските трошоци за Грејси.

Доктор Матис тоа и го направил, се обидел и успеал. Неговото видео е доказ дека вложил огромни напори за да ја спаси Грејси Клер и дека е главниот виновник за нејзиниот напредок. Видеото е вирален хит со 7 милиони прегледувања и 4.000 коментари на Facebook, во кои многу лица бараат да ја посвојат Грејси кога ќе биде подготвена за нов дом.

Видео

When you have no pancakes for breakfast. . . .

Posted by Granite Hills Animal Care on сабота, 13 февруари 2016
Грејси Клер Грејси Клер Грејси Клер Грејси Клер Грејси Клер Грејси Клер Грејси Клер Грејси Клер Грејси Клер Грејси Клер Грејси Клер Грејси Клер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20936 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.