Почетна » Новости » Животни стории » Инспирација: Избегала од Авганистан по убиството на татко ѝ, има постигнато 200 гола за Данска, а сега стана докторка

Инспирација: Избегала од Авганистан по убиството на татко ѝ, има постигнато 200 гола за Данска, а сега стана докторка

Надија Надим е вистинска инспирација за секого.

34-годишната жена избега од Авганистан во Данска на 11-годишна возраст и успеа да стане една од најдобрите авганистански фудбалерки на сите времиња, а неодамна стана докторка.

Надија е родена во 1988 година во Авганистан. Во 2000 година талибанците го егзекутирале нејзиниот татко, кој бил генерал во авганистанската национална армија, па нејзиното семејство избегало во Данска.

„Пред да дојдат талибанците. имавме неверојатен живот, безбедна средина. Откако дојдоа, животот го живеевме со страв и само се обидувавме да преживееме.“

„Мајка ми продаде сè што имаше. Најдовме човек кој шверцува луѓе и кој нè одведе до Пакистан. Од Пакистан, со лажни пасоши бевме транспортирани прво во Италија, а потоа до Данска. Секогаш велам дека е малку и до вербата, бидејќи кампот за бегалци во кој живеев во Данска беше покрај неверојатни фудбалски стадиони и фудбалски клуб“ – рекла таа.

Надија Надим Надија Надим Надија Надим

Решена да успее во животот, започнала да тренира фудбал и по добивањето на државјанство, во 2009 година станала дел од националниот тим за кој досега има постигнато 200 гола.

„Кога дојдов во Данска за првпат видов дека девојките всушност играат фудбал на училиште. Веднаш се заљубив во играта. Оттогаш, не ја оставив топката“ – додала таа.

Инспиративната Авганистанка зборува 9 јазици, а напоредно со тренинзите, студирала медицински факултет. По стекнувањето на титулата „доктор“, Надим напиша:

„Им благодарам на сите кои ме поддржуваа од првиот ден... А до оние кои ме мразат: Повторно успеав. Растурив и не можете да направите ништо во врска со тоа“.

Надија Надим Надија Надим Надија Надим Надија Надим Надија Надим

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19794 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.