Почетна » Новости » Животни стории » Инспиративната YouTube ѕвезда почина од рак

Инспиративната YouTube ѕвезда почина од рак

Талија Џој Кастелано, младата интернет ѕвезда која инспирираше илјадници со своите мејкап туторијали, почина. 13-годишното девојче кое со оптимизам и насмевка на лицето се бореше со два типа рак ја изгуби долгата битка.

„Шминката е моја перика“ – беше мотото на шармантната Талија која со преку 150 видеа на YouTube докажуваше дека луѓето болни од рак можат да бидат убави. Над 800.000 корисници на YouTube ги следеа видеата на храбрата Талија и ѝ се восхитуваа на силата со која минуваше низ исцрпувачките терапии.

Талија Џој Кастелано

Талија шест години се бореше со две агресивни форми на рак: невробластома и пред-леукемија (миелодиспластичен синдром). Во едно од своите видеа таа раскажува за своите чувства. „Не си мислиш ох, господе, ќе умрам. Си мислиш: Ќе ја изгубам косата, ќе бидам слаба, нема да можам да јадам, да одам на училиште, да ги гледам моите пријатели“ – вели таа.

Гологлавата Талија признаваше дека ги мрази периките зашто правеле да се чувствува неприродно, па ја користеше шминката како замена за перики. „Кога ставам шминка чувствувам дека можам да ги истакнам оние црти кои ги сакам кај себе. Чувствувам дека кога некој ме гледа, тој го упатува погледот кон мојата шминка, а не ја гледа мојата ќелава глава“ – откри таа.

Поради љубовта кон шминкањето, CoverGirl минатата година ја прогласи за свој почесен претставник.

Талија Џој КастеланоТалија за CoverGirl

Минатото лето докторите ѝ соопштија дека се налижува крајот на нејзиниот живот. Но и покрај тоа, Талија со позитивни мисли го продолжи лекувањето.

„По сто години сакам да останам запаметена како девојчето исполнето со ентузијазам кое сакаше да направи нешто за ракот кај децата“ – изјави таа во интервју минатата година.

Талија Џој Кастелано

Илјадници лица до кои допре приказната на Талија испратија трогателни пораки по нејзината смрт.

Гостувањето на Талија во шоуто на Елен Деџенерис:

Интервју на Талија во 2012 година:

Мејкап туторијали од Талија:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20785 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.