Студентка забремени во последната година од правниот факултет, но не дозволи другите да ја убедат дека бебето ќе ѝ биде пречка за остварување на соништата.
Денес, Џијани Авалос е самохрана мајка и адвокатка благодарение на трудот, истрајноста и решителноста. Таа дипломирала и го положила правосудниот испит со новороденче покрај себе.
Иако многумина ја убедувале да се откаже или од бебето или од студиите, Џијани не паднала на притисоците и се остварила и како мајка и како адвокатка. За да инспирира и други личности кои се во слична ситуација, таа сними видео кое го прикажува процесот на учење и полагање на правосудниот испит.
Ова е твојот знак да не се откажуваш од твоите соништа. Забременив во мојата последна година од правниот факултет и ми велеа мораш да прескокнеш семестар, „Јас би го абортирала. Премногу си блиску до дипломирање“, „Нема да можеш да учиш за правосудниот испит со новороденче“. Но, со Бог, стигнавме до дипломирање. Потоа, ризикував. Се откажав од мојата работа, нè издржував со заштедата и започнав да учам за правосудниот испит. Помеѓу улогата на нова мајка, ноќните хранења и 12-часовното учење... не мислев дека ќе успеам. Но, се имавме еден со друг. Се преселивме кај моите родители за да заштедиме на кирија и оттаму, живеевме ден за ден. ПОЛОЖИВ. Ја обожавам нашата приказна.
@singlemom_attorney God never left me
♬ Tarzan theme GianniChanel - SingleMom_Attorney
Во описот на видеото, Џијани пишува:
„Мислам дека учењето и полагањето на правосудниот испит со новороденче беше да си докажам нешто самата на себе како спротивност на сите останати. Си докажав себеси дека со труд, молитви и упорност, можеш да постигнеш сè што другите ти велат дека не можеш. Ова искуство ме натера да сфатам дека сè требало да се случи онака како што се случи. Се случи за да ги инспирира другите“.