Почетна » Новости » Животни стории » „За Ани“: Апел за помош за Андријана Митревска, која по третпат се бори со рак

„За Ани“: Апел за помош за Андријана Митревска, која по третпат се бори со рак

Отворете го вашето срце! Ајде заедно да ѝ помогнеме на Андријана Митревска по третпат да излезе како победник во битката со ракот и да ја вратиме насмевката на нејзиното лице.

Во 2016 година, Ани помина низ две операции и осум циклуси хемотерапии поради рак на дојка, а во 2018 година таа повторно се соочи со рак на дојка, плус рак на јајникот и мораше да помине низ шест циклуси хемотерапии.

За жал, таа е исправена пред нов здравствен предизвик, а за да го надмине, ѝ е потребна и наша помош.

Андријана Митревска

Телефон за донации

А1 143 465

За донации на трансакциска сметка:

Андријана Митревска

210-5016743410-08 НЛБ банка

За донации онлајн, линкот е:

https://www.gofundme.com/f/help-for-ani-mitrevska

На GoFundMe е објавен апелот за помош на Ани:

Ја знаете Ани Митревска чупето кое со насмевка 2 пати се избори со болеста на денешницата, но нејзината насмевка исчезна кога 3 пат ја слушна дијагнозата Dg. Ca mammae bill. cum MS ovarii bill; TU retroperitoneii.
Сега и треба ваша помош за да го продолжи нејзиното лекување кое кошта 1000 евра месечно за апчиња кои не се достапни во Македонија и мора да ги порачува од Турција. Бидејќи нејзината борба започна во 2016 година семејството е изложено на големи трошоци како што се операции, патувања Скопје - Битола и поради тоа не се во можност за купување на потребните лекарства. Но тука не завршува нивното патешествие бидејќи и татко и се соочува со истата болест и имаат дупли трошоци.
Ани, нејзините родители, и ние другарките Ве замолуваме да донирате колку сте во можност. Да и ја вратиме насмевката на 35 годишнита девојка.
Ви благодариме
Андријана Митревска Андријана Митревска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.