Почетна » Новости » Животни стории » „Една мајка е клекната пред сите нас и моли за помош“: Да му помогнеме на Никола Новоселски

„Една мајка е клекната пред сите нас и моли за помош“: Да му помогнеме на Никола Новоселски

Отворете го вашето срце, разбудете ја вашата хуманост и донирајте за Никола Новоселски да може да го продолжи лекувањето во Русија.

Никола е неподвижен и не може да зборува како последица на тешки телесни повреди на главата кои ги здобил при сообраќајна несреќа пред седум години. Тој има започнато лекување со матични клетки, но неговото семејство нема доволно средства за да продолжи со третманите и да ги покрие авионските карти за синот.

Неговата мајка Мара секојдневно испраќа тажни апели за помош на нејзиниот син. Еден од нив сподели Верче Крстевска, која појасни дека следниот термин за лекување на Никола е за две недели. Потребни се 8.000 евра за авионски превоз и 8.000 евра за операција.

Еве го постот на Верче, која го пренесува апелот на мајката:

Никола Новоселски

Една мајка е клекната пред сите нас и моли за помош!

„Ах бе сине мој, ќе ти го слушнам ли гласот? Ќе ми речеш ли МАМО повторно? Ми фали твоето гласче бе сине мој, чедо мајкино, душава ми плаче за тебе, ангелу мој. Почнувам да ти го заборавам гласот каков ти беше, сè би дала, животов би го дала само повторно да те слушнам. Тука си до мене, а толку далеку. Кога зборувам за случката, се менува погледот и само солза ти тече од окото, нема липање, нема звук, само солзи се тркалаат и ме гледаш со тие очи кои сè разбираат, но немаш глас да ми проговориш чедо мајкино. Мајка плаче и се моли за тебе седум години.“

„ Седум години чедо мајкино, душа мајкина, седум години мама се моли за тебе да ти го чуе гласот, да ми речеш мамо, седум години сине мој лежиш и гледаш во едно место. Четирите ѕида ти се друштво, самотијата и тагата ти се единствените пријатели, седум години среќо моја нема сонце, нема снег, нема ништо. Зарем сега сине, наместо арслан да бидеш и свадба да ти правам, зарем уште мајка да те бања чедо мое? Зарем сега повторно мама да те учи да збориш ангелу мој. Гласот мама да ти го чуе уште еднаш, па да умрам не жалам, да ме гушнат твоите раце ко порано да ми речеш Мамо!“

„ Мама живее за ова и за тебе љубов моја, мама сè ќе даде само тебе да те слушнам и да ме гушнеш уште еднаш ко порано, само тоа мајка бара, еден збор и една прегратка! Мама те роди синко мој 3 кила, те израснав во мажиште, несреќата те направи 35 кила – сама да те носам. Се мачев и гребев и плачев и молев и пак те направив маж. Седум години мамич не се откажувам и нема ни сега. Мама нема око да склопи додека не те врати како што си ми бил најубав мој!“ - Мара Новоселска.

Од март се одложуваат операциите поради немање пари! Авионскиот превоз е 8.000 евра за Никола! Операцијата 8.000 евра! Следниот термин е за две недели. Ќе му го слушнеме ли гласот на Никола? Јас викам ДА!

Македонијо, народе, да не ја оставаме мајкава сама во оваа агонија. Мара Новоселска го имаш народот на твоја страна, седум години се бореше сама, сега нè имаш сите нас!

Ајде дечки, сите заедно да бидеме гласот на Никола!

Ве молам споделувајте за да стигне апелов до сите!

Телефонски броеви за донации

  • TELEKOM: 143 303 (100 денари + ДДВ)
  • A1 (VIP/ONE) 143 475

Жиро сметка

Број на жиро сметка: 210501677843484 (НЛБ Тутунска Банка)

Девизна сметка: Mara Novoselska Br. 103 Murtino

IBAN Code - MK07210501677843484 SWIFT - TUTNMK22

Никола Новоселски Никола Новоселски Никола Новоселски Никола Новоселски Никола Новоселски Никола Новоселски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.