Додека се бореше со болеста на едно од своите три деца, самохрана мајка доживеа срцев удар. Здружението за самохрани родители „Надеж Мит“ ја сподели приказната за болната мајка која поради срцевиот удар се наоѓа во тешка здравствена состојба.
Минималната социјална помош која ја добивала не била доволна за покривање на високите трошоци за нејзиното лекување и за лекувањето на нејзиното мало чедо. Имено, нејзиното детенце досега има поминато низ три тешки операции на срце и мора постојано да врши испитувања.
Бидете хумани и донирајте! Да ѝ подадеме рака на оваа силна мајка и да ѝ помогнеме да исплива низ овој тежок период од животот.
Број на жиро сметка
370-0000161010-58
Еуростандард Банка