Фотографии од фризерка која си ја бричи главата додека се бори со рак станаа хит на интернет. На нив се помешани бројни емоции и чувства – поддршка, тага, сочувство, охрабрување, желба за живот. Многумина се пронајдоа во фотографиите, бидејќи и самите некогаш се нашле во слична ситуација.
Иронично е фризерка да ја изгуби нејзината коса. Да бидам лишена од едно од нештата околу кои се врти мојот живот, единственото нешто кое разгорува разговори кога ќе излезам, единственото нешто кое се трудам да биде совршено наместено пред да одам каде било.
Ако некој пред два месеци ми речеше дека денес ќе бидам опкружена од семејството и пријателите додека си ја бричам главата поради опаѓање на косата поради хемотерапија, немаше да му верувам.
Но, денес научив дека не ми треба моето заштитно ќебе за да се чувствувам убава. Денешниот ден беше полн со многу емоции, добри и лоши. Денешниот ден изгледаше како многу голема работа, но во големата слика, денешниот ден ќе изгледа многу мало споредено со патувањето кое ќе го имам кога ќе го победам ова.
Многу жени кои исто така се бореле или се борат со ракот споделија свои фотографии за да ја охрабрат младата фризерка и да ѝ покажат дека не е сама.