Почетна » Новости » Животни стории » Емотивни фотографии од мајка која го дои своето бебе со една града откако ја изгуби другата поради рак

Емотивни фотографии од мајка која го дои своето бебе со една града откако ја изгуби другата поради рак

Фотографиите на Кели Ни ќе ве исполнат со емоции и ќе ви ја покажат моќта на женското тело.

На нив, грижливата мајка го дои своето новороденче со една града, бидејќи другата ѝ била отстранета како последица на рак на дојка. Малото бебенце ѝ е петто дете на Кели.

Кели Ни Кели Ни

Во текст на својот блог со наслов „Едната града се обиде да ме убие, другата го одржува моето бебе живо“, 36-годишната жена раскажува дека и покрај сите предизвици е благодарна што добила можност да негува уште еден живот.

Две години пред породувањето на Кели ѝ била отстранета едната града поради рак и таа морала да помине низ третмани со хемотерапија. Веста за бременоста по борбата со ракот ѝ била најголемата награда, која ѝ помогнала да излезе од канџите на анксиозноста и депресијата и конечно да го прифати своето тело.

„Сфатив дека нема од што да се срамам. Имав рак, мојата града се обиде да ме убие, но сега мојата друга града храни и придонесува за животот на друго човечко суштество. Имам врска на љубов и омраза со моите гради. Мразам што тие се обидоа да ме убијат, но го сакам тоа што можам да го хранам моето бебе. На моите деца не им е гајле што имам само една града, не им е гајле за мојот изглед, не им е гајле дека моите гради имаат лузни. Но, важен им е фактот што сум жива, што сум способна да им овозможам храна и што се премногу сакани – пишува таа.

Кели Ни

„Научив дека среќата не завршува, треба само да ѝ дадете време и таа ќе се случи повторно... или барем тоа беше така кај мене“ – додава Кели.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20804 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.