Почетна » Новости » Животни стории » Емотивна фото-приказна за раѓањето на еден живот кој траел прекратко

Емотивна фото-приказна за раѓањето на еден живот кој траел прекратко

Фотографиите на Џули од породилната сала ќе ве растажат, но истовремено ќе ви покажат дека надежта последна умира. Џули била во 36. недела од бременоста кога докторите ѝ кажале дека нејзината ќерка најверојатно има смртоносно хромозомско нарушување, но дека не можеле да бидат сигурни до раѓањето. Џули никогаш не ја изгубила вербата.

Малечкото бебенце живеело само два и пол дена, а родителите ја ангажирале фотографката Ела Вандерли за да го овековечи краткото време кое го имале со ќеркичката.

Ела Вандерли Ела Вандерли Ела Вандерли

Џули, која има шест други деца, дознала дека нејзината неродена ќерка има трисомија 13 и трисомија 18 во последните недели од бременоста. „Не можеа да бидат сигурни сè до нејзиното раѓање“ – рекла Џули. За жал, испитувањата по раѓањето ја потврдија лошата вест.

Најпозната трисомија е трисомија 21 или Даунов синдром. Трисомија 13 и трисомија 18 се генетски пореметувања кои предизвикуваат сериозни здравствени проблеми. Над половина од бебињата со оваа дијагноза не ја преживуваат ни првата недела од животот, а оние кои ќе преживеат, е малку веројатно дека ќе го прослават првиот роденден.

„За време на раѓањето не дишевме бидејќи бевме во исчекување за да видиме дали ќе го преживее породувањето. Таа исто така не дишеше, но со асистенција на докторите, испушти краток плач, а потоа започна да дише самата“ – споделила Ела, која го овековечила раѓањето на малото бебенце, посетата на неговите браќа и сестри во болницата, како и последните моменти од неговиот живот.

Ела Вандерли Ела Вандерли Ела Вандерли Ела Вандерли Ела Вандерли Ела Вандерли Ела Вандерли

Новороденчето починало во рацете на мајка си откако семејството поминало среќни два дена со него и секој ден прославувало по еден негов роденден.

„Таа помина два и пол божествени дена со нас. Нејзиниот прв роденден го прославивме со лилјани, рачно напишани роденденски картички од нејзините браќа и сестри и голем светкав балон во форма на бројот еден. За нејзиниот втор роденден се собравме околу неа. Ја држевме. Ја гушкавме и ја бакнувавме повторно и повторно. Ѝ кажавме колку многу ја сакавме и колку многу ќе ни недостига. И ѝ рековме збогум. Засега“ – напишало семејството.

Ела Вандерли Ела Вандерли Ела Вандерли Ела Вандерли Ела Вандерли Ела Вандерли

„Беше прекрасно и скапоцено. Би го направила тоа повторно, и повторно и повторно“ – рекла Џули.

„Вербата на ова семејство беше неизмерна“ – рекла фотографката.

Ела Вандерли Ела Вандерли Ела Вандерли Ела Вандерли Ела Вандерли Ела Вандерли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20791 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.