Пред неколку месеци јавноста за првпат беше повикана да ја покаже хуманоста и да донира средства за лекување на Маја Керова – Бабунска, млада мајка на две девојчиња која неколку години се бори со рак.
Благодарение на големите срца на многумина, беа собрани доволно средства за Маја да го започне лекувањето. По неколкумесечна терапија во странство и исклучително тежок период за Маја и нејзиното семејство, повторно се активирани телефонски броеви и жиро-сметки за донации, сè со цел Маја да може да продолжи со долготрајното и скапо лекување.
Во писмо до јавноста Маја објасни дека се бори со рак на дојка од 2010 година, кој и покрај хируршкиот зафат и стандардната терапија, метастазирал на карлицата и коските на десната нога и јавил промени на белите дробови и црниот дроб.
Семејството на Маја од сè срце им се заблагодарува на сите хумани луѓе за моралната и финансиска поддршка.