Почетна » Новости » Животни стории » „Вредеше секоја инјекција“: Трудница со фотографија од шприцовите од ин витрото објави дека е бремена со првото дете

„Вредеше секоја инјекција“: Трудница со фотографија од шприцовите од ин витрото објави дека е бремена со првото дете

Жена објави дека е бремена со првото дете со емотивно видео и фотографија од шприцовите од ин витро постапката.

Брија Манкузо очекува нејзината ќерка да пристигне на овој свет во јули.

Брија Манкузо

„Секоја инјекција, секое лекарство, секој преглед, секое испитување на крвта, секој преглед со ехо, секоја главоболка, секој грч, секоја хормонална промена, секоја модринка, секоја болка од инјекциите, секое болно место од боцкањето, секој тест за бременост, секој пат кога не можев да седнам на задникот од болка од инјекциите и секој чекор од целиот овој процес е нешто што би го поминала милион пати, бидејќи ни те даде тебе. Вредеше сè, бидејќи ти вредиш за сè! Би направила сè што морам за тебе и ќе продолжам да правам сè за тебе секогаш и засекогаш. Поздрав до сите инвитро мајки, сите вие сте борци“ – напиша Брија на Instagram.

Своето патување до забременувањето, таа го документираше со видео кое го објави на социјалните мрежи, а кое ги опишува предизвиците со кои се соочуваат паровите кои минуваат низ вонтелесно оплодување.

Брија е маќеа на близнаци од претходна врска на сопругот Мет.

Брија Манкузо

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20794 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.