Почетна » Новости » Животни стории » Пет деца за само две години: Откако посвои две деца, пар доби тројка со помош на ин витро

Пет деца за само две години: Откако посвои две деца, пар доби тројка со помош на ин витро

Брачни партнери, кои отсекогаш сонувале да станат родители, добија пет деца во две години.

Мелори и Мајкл откриле дека ќе добијат три биолошки бебиња откако започнале процедура за посвојување на две деца. Процедурата била финиширана неколку месеци по породувањето на среќната мајка.

Мелори и Мајкл

Уште од почетокот на врската тие посакувале големо семејство, но по три години неуспешни обиди и двајцата се согласиле да згрижат дете. Во меѓувреме, тие продолжиле да се обидуваат да добијат биолошко дете со ин витро оплодување.

Мелори и Мајкл

„Не брзаа да ми помогнат да забременам, бидејќи имав само 26 години. Ми велеа дека сум млада и дека имам време, но моето ментално здравје страдаше. Бев анксиозна и депресивна. Одлучивме да ги промениме плановите и да започнеме да згрижуваме деца. Мислевме дека ќе бидеме среќни ако имаме деца во нашата куќа. Немавме претстава дека започнуваме емоционален ролеркостер“ – рекла Мелори.

Мелори и Мајкл

По шест месеци, парот го згрижи првото дете, момче по име Чејз.

„Чејз имаше само 8 месеци и беше во засолниште за итни случаи поради запоставување. Имавме само два часа да се подготвиме за неговото доаѓање. Нормалните луѓе имаат 9 месеци да се подготват за бебе, нам ни беа дадени само два часа. Биолошката мајка на Чејз имаше уште 6 други деца и ниту едно не беше кај неа. Мислевме дека ова ќе биде наше бебе“ – објаснила таа.

Но, набрзо момчето било вратено кај неговата биолошка мајка и парот бил скршен од болка.

Три дена подоцна, тие добиле повик за згрижување на бебето Дилан, кое имало само 6 недели и било во болница за детоксикација од неколку супстанции. Се разбира, тие веднаш прифатиле.

„Инстантно се заљубивме во него. Но, по игра на судбината, добивме повик од агенцијата дека судската одлука за Чејз била променета и дека тој повторно влегува во системот за згрижување. Нè прашаа дали ќе го примиме назад. Тоа беше едногласно ‘Да’. Бевме малку надвладеани од чувствата што ќе преминеме од нула на две деца во седум дена“.

Мелори и Мајкл

„Згрижувањето беше најтешкото нешто што некогаш сум го правела. Ги третиравме Дилан и Чејз како наши деца, но секогаш бев преплашена дека некој ќе ми ги одземе. Живеевме од еден датум за на суд до друг“ – вели Мелори.

Во меѓувреме, Мелори и Мајкл се обидувале да добијат свое биолошко дете со помош на ин витро. Првиот обид бил неуспешен, па вториот пат тие побарале од докторот да се обидат со два замрзнати ембриони.

Мелори и Мајкл

Ин витрото било успешно и набрзо Мелори дознала дека е бремена со три деца.

„Докторот ни кажа дека ќе имаме тројка. Сè што можевме да направиме е да се смееме“ – рекла пресреќната мајка.

Мелори и Мајкл

Трите девојчиња се родија на 7 мај 2018 година. Дилан официјално беше посвоен во јуни, а Чејз во септември 2018 година.

Мелори и Мајкл Мелори и Мајкл Мелори и Мајкл

„2018 година беше најдобрата година во мојот живот. Не само што родив три здрави и прекрасни девојчиња, туку и ги посвоивме нашите синови. Официјално станав мајка на 5 деца во 2 години.“

Мелори и Мајкл Мелори и Мајкл Мелори и Мајкл Мелори и Мајкл

„Кога ќе се навратам на мојот живот пред да имам деца, жал ми е за таа млада девојка. Сè што сакаше беше да има семејство и ќе направеше сè за да го има. Посакувам да можев да си речам себеси да се опуштам. Требало да поминам низ тешкотиите за да можам да го ценам прекрасниот живот кој го имам во моментов. Јас сум подобра мајка, ќерка, пријателка и личност поради таа борба“ – вели Мелори.

Мелори и Мајкл Мелори и Мајкл Мелори и Мајкл

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20794 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.