Момче ѝ предложи брак на саканата во болница откако таа се разбуди од кома, а видеото освојува заедно со пораката: „Вистинската личност нема да бара изговори и ќе избере да те сака и во најлошото“.
Викторија страда од лупус, а во 2019 година ѝ бил дијагностициран


„Иако тогаш имаше неизвесности за моето здравје, Ник ме прифати и знаеше дека сака да го помине остатокот од животот со мене. Кога бев во најлошите моменти, Ник избра да го види најдоброто во мене и тоа е сè за што некогаш се молев да најдам во еден маж. Си ја научив лекцијата: Вистинската личност нема да бара изговори и ќе избере да те сака и во најлошото“ – напиша борбената девојка.

„Нашиот ден на запросување не е како на другите парови, но дефинитивно е нешто за кое што се надевав: ЕДНОСТАВНО. ИСКРЕНО. ИЗНЕНАДУВАЊЕ. По еден месец поминат во кома и три месеци во оддел за интензивна нега, Ник ми предложи брак. Не можев да зборувам кога ми го постави прашањето, само кимнав со главата и му ја подадов раката. Пред да се случи тоа, мораа двапати да ме оживеат. Без колебање, Ник го побара прстенот од неговата баба и благословот од мојата мајка“ – додаде таа.
Викторија објави и фотографии од нивната веридба.
Сега, целта на Викторија е да ја подигнува свеста за лупусот и Стивенс-Џонсоновиот синдром, кој за малку не ѝ го одзел животот.
Watch on TikTok
Watch on TikTok