Крис Медина е учесник во шоуто American Idol кој со својата неверојатна трогателна приказна за верноста и љубовта ги растопи срцата на членовите на жирито и на гледачите.
27-годишниот Медина на аудицијата во Милвоки се појави со ланче со свршенички прстен и раскажа за страшната сообраќајна несреќа што ја оставила неговата свршеница Џулијана со трајни последици.
Крис и Џулијана се заедно 8 години, а пред две години се свршиле и планирале да стапат во брак. Но, во октомври 2009г. Џулијана направила сообраќајна несреќа која ја оставила скоро парализирана и со оштетувања на мозокот. Оттогаш Крис и мајката на Џулијана постојано се грижат за неа.
Раскажувајќи за трагичната несреќа, Крис вели: „Каков човек би бил ако заминев кога ѝ бев најпотребен?“.
Тројцата членови на жирито беа толку трогнати од приказната на Медина и од неговата посветеност кон саканата, што побараа да ја запознаат Џулијана, која надвор чекаше да дознае дали Медина го помина првиот круг на аудиции.
„Само што го слушнав твојот свршеник, тој пее многу добро затоа што постојано ти пее тебе“ – ѝ се обрати Стивен Тајлер на Џулијана.
Крис на аудицијата ја отпеа „Breakeven“ од The Script и без проблеми го помина првиот круг од аудициите, добивајќи три „да“.
Приказната на Крис го обиколи светот и тој веќе е фаворит за да стане музичкиот идол на Америка. Погледнете ја неговата аудиција.