Почетна » Новости » Животни стории » Бремена истрчала маратон, а веднаш потоа се породила

Бремена истрчала маратон, а веднаш потоа се породила

„Ова беше најдолгиот ден во мојот живот“ – изјавила Амбер Милер откако истрчала маратон, а неколку часа подоцна родила девојче.

27-годишната Американка била скоро во 39-тата недела од бременоста кога им се придружила на 45 000 други ентузијасти за да учествува во маратон во Чикаго. Додека наближувала до целта, започнала да чувствува контракции, а само неколку часа по завршувањето на трката од 42 километри, Амбер ја држела во рацете својата здрава ќеркичка Џун.

Амбер со нејзиниот сопруг и малата ЏунАмбер со нејзиниот сопруг и малата Џун

Милер се запишала за учество во маратонот уште пред да дознае дека е бремена и воопшто не очекувала дека ќе успее да го заврши.

„Разговарав со моите родители и им реков: Знаете што? Немам намера да го завршам“ – раскажала Амбер.

Но, во текот на трката плановите на храбрата Амбер се промениле. Заедно со неа, за поддршка, маратонот го трчал и нејзиниот сопруг. Дел од маратонот го истрчале, но дел поминале со одење. Им биле потребни 6 и пол часа за да ја завршат трката.

Веднаш потоа, Амбер си купила сендвич и се упатила кон болницата. Малата Џун дошла на свет само неколку часа откако нејзините родители ја поминале целта.

„Трката дефинитивно беше полесна од породувањето“ – изјавила среќната мајка.

Досега Милер има завршено осум маратони, три од нив додека била бремена. Таа истрчала еден кога била бремена со Џун во 17-тата недела, а еден претходно додека била бремена со првото дете Кејлеб.

Џун

Пред да започне со маратонот, Амбер се консултирала со доктор, кој ѝ дозволил да учествува во трката, но под услов да го истрча само половина маратон. „Добив ОК од мојот доктор да го истрчам половина маратон, а мојот сопруг трчаше цело време со мене за да ме поддржува. Го истрчав половината, а на другиот дел пешачев, така стигнав до целта. Сите зјапаа во мене додека ги одминував“ – изјавила таа.

Амбер и Џун

Маратонот не претставувал проблем за физички подготвената Амбер, но го исцрпила нејзиниот сопруг Џо Милер. Тој се надевал дека Џун ќе се роди пред почетокот на маратонот и дека Амбер нема да бара од него заедно да трчаат, па не тренирал доволно. „Бев целосно истоштен. Се надевав дека Џун веќе ќе биде родена“ – признал тој.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20785 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.