Почетна » Новости » Животни стории » „Биолошки татко сум на 97 деца“: Донор се шокирал кога дознал колку деца се зачнати со негова сперма

„Биолошки татко сум на 97 деца“: Донор се шокирал кога дознал колку деца се зачнати со негова сперма

Донор на сперма се шокирал кога дознал дека е биолошки татко на најмалку 97 деца.

Дилан

Дилан Стоун-Милер започнал редовно да донира сперма во банка во 2011 година, додека бил студент, затоа што имал потреба од пари.

„Мојата мотивација беше финансиска, да ми помогне да ги платам сметките и школарината како сиромашен студент“ – објаснил тој.

Сè се променило кога во 2020 година добил порака на Instagram од жена која успеала да го пронајде за да му се заблагодари. Дилан започнал да го прелистува нејзиниот профил на кој имало стотици фотографии од една од неговите биолошки ќерки. Едвај си ги задржал солзите додека гледал во нејзиното лице.

„Гледањето во убавото лице на ова мало девојче ме исполни со многу радост, љубов и благодарност. Морав да се борам за да ги задржам солзите.“

„Штом го видов лицето на тоа мало девојче, кое изгледаше исто како мене, знаев дека нема враќање назад. Знаев дека ќе биде важно да бидам присутен на начинот на кој ќе посакаат таа и нејзиното семејство, како и останатите семејства“ – вели Дилан.

Дилан Дилан Дилан

Веднаш по оваа случка започнале да му се јавуваат сè повеќе жени, кои зачнале од неговата сперма. Според неговите последни информации, такви деца има најмалку 97, но тој смета дека бројот е над 250 и дека се во шест земји. Дилан во моментов се залага за ограничување на бројот на жени кои можат да зачнат од еден донор.

Дилан

„Бев информиран дека лимитот е 40 семејства и во тоа време мислев дека нема шанси да го достигнам. Една од причините зошто се согласив да донирам е затоа што потпишав нешто што велеше дека банката за сперма ќе го заштити мојот идентитет додека децата да наполнат 18 години.“

„Во моментов знам најмалку 62 семејства, но само околу 40% од реципиентите на сперма ѝ даваат повратна информација за нивното раѓање на банката, па очекувам да бидат околу 150 семејства и повеќе од 250 деца“ – вели тој.

Дилан има запознаено десетици од децата зачнати од неговата сперма и вели дека обожава да поминува време со нив.

„Многу ми е тешко да се збогувам со децата, знаејќи дека тоа е последниот пат што ги гледам на таа возраст. Ги ценам спомените кои ги создавам со нив. Има многу солзи и разговори за тоа кога ќе можат да ме видат повторно“ – рекол тој

„Со нетрпение чекам да го видам повторно. Знае да ме насмее“ – рекло едно од децата за Дилан.

Дилан Дилан Дилан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.