Ајде овие празници да ја покажеме нашата хуманост, бидејќи нашето малку за некого може да биде многу.
Марко Здравковски има само 25 години и се соочува со рак на хранопроводот во четврти стадиум кој метастазирал на лимфните жлезди и белите дробови. Тој има потреба од лекување во Франција кое ќе чини 150.000 евра само за првата година, па неговото семејство и пријателите испраќаат апел до сите кои можат да помогнат да донираат на еден од броевите или на GoFundMe.
„Марко Здравковски е млад човек со заразна насмевка и срце од злато. Без овој третман, неговите шанси за преживување се мали“ – пишува во апелот на GoFundMe.
Броеви за донации:
А1 – 143 485
Телеком – 077 143 485
Банкарски сметки за донирање:
Марко Здравковски
250500023957049 - Шпаркасе банкa
Активен линк за донација преку платформата GoFundMe: Please help Marko battle stage 4 cancer!