Томица Стојковиќ има само 12 години, а веќе стои исправен пред проблемите на животот. Ние можеме да помогнеме да ги преброди за да продолжи да живее и да има среќно детство, како што заслужуваат сите деца.
Томица боледува од акутна леукемија и неговата состојба е алармантна. ИТНО му е потребна операција во Германија, која чини 250.000 евра. Неговата моментална состојба бара постојана лекарска нега и поради тоа во моментов е сместен во болницата Филип Втори во Скопје.
Немаме време да чекаме да помогне некој друг, тоа треба да го направиме НИЕ!
АПЕЛИРАМЕ на вашата хуманост, да се ставиме на местото на неговите родители само за миг и да му помогнеме на Томица и на неговото семејство.
На донациските броеви можете да донирате 100 денари и со тоа да му помогнете на семејството Стојковиќ да го спаси својот син.
ДА ДОНИРАМЕ – БЛАГОДАРНИ ЌЕ НИ БИДАТ ТОМИЦА И НЕГОВИТЕ РОДИТЕЛИ.
БИДИ ХУМАН, ДОНИРАЈ И СПАСИ ЖИВОТ!
Телефонски броеви за донации
- Т-Mobile: 070 143 444 (100 денари + ДДВ)
- VIP: 077 143 413
Жиро сметка
Број на жиро сметка: 200-002036283259 (Стопанска Банка АД Скопје)
Даниела Стојковиќ