Нема побеспомошен човек од родителот што има болно дете… Секоја минута ja минува во обиди да најде лек, начин да го спаси саканото чедо. А, уште потешко е тоа да го прави кога финансиските можности се минимални, кога е ситуацијата се влошува постојано, и кога обидите се повеќе залудни отколку успешни.
Затоа, ајде, да не дозволиме минутите брзо да завршат за тригодишната Дарија Калиновска која од своите девет месеци боледува од епилептични напади. Да помогнеме да се дознае зошто е отпорна на сите терапии, бидејќи тоа е единствен спас за малата Дарија, а испитувањата се скапи.
Малата Дарија во февруари треба да замине во Париз во детската болница Necker кај еден од најдобрите детски невролози Olivier Dulac, со надеж дека таму ќе ја добие потребната помош. Таа секојдневно има напади од кои не може нормално да се движи, ниту пак да спие. Последнава година нападите се влошуваат од ден на ден.
Изминатите две години семејството се исцрпи по многубројните прегледи во Македонија и странство, па затоа им е потребна хуманитарна помош. Тие се сигурни дека ова нема да биде последната битка, затоа што не се работи за болест која минува преку ноќ. Потребно е време и следење од специјалистите.
Бидете хумани и реагирајте веднаш, бидејќи телефонските линии ќе функционираат уште неколку дена, а неопходните средства за наредните прегледи сè уште не се собрани!
Телефонски броеви за донации
- Т-Mobile: 070/ 143 122 (100 денари + ДДВ)
- VIP: 077/ 143 143
Жиро сметка
Број на жиро сметка: 210–5016472508–48 (НЛБ Тутунска)
Име: Дарија Калиновска