Бебенцето Тони се вброи меѓу најмалите борци во нашата земја.
Малото момче се роди тешко само 1.100 грама и мораше да помине 58 дена на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, додека да му се стабилизира здравствената состојба.
Сега, тоа конечно е во прегратките на родителите и си замина во семејниот дом во Кочани.
„И нашиот Тони си замина дома во Кочани по 58 дена борба и предизвици на одделот за интензивна нега и терапија на ЈЗУ У ГАК – Скопје. Тони е роден предвремено, во 31-та гестациска недела со само 1.100 грама.“
„На голема радост на сите нас, педијатри и медицински сестри акушерки успешно се избори со сѐ она што ги носи предвременото раѓање и со 1.840 грама првпат влезе во својот дом.“
„Биди среќен наш мал борецу и имај детство исполнето со љубов и здравје. Уживај во прегратките на твоите родители додека растеш во среќно и здраво дете“ – стои во описот на фотографиите објавени од ГАК на Facebook.