Почетна » Новости » Животни стории » Бебе оставено на патот сè уште прикачено за плацентата си доби грижливо семејство и топол дом

Бебе оставено на патот сè уште прикачено за плацентата си доби грижливо семејство и топол дом

Бебенце, кое беше пронајдено на патот сè уште поврзано со папочната врвца за плацентата, си најде топол дом.

Ејнџел Грејс

Малата Ејнџел Грејс го доби името од шерифот кој во јануари минатата година доби повик дека покрај патот има оставено новороденче. Жена која живеела во близина на местото слушнала бебешки плач и со сопругот го пронашле напуштеното бебенце завиткано во ќебе.

По прегледот во болница било утврдено дека тоа е старо само еден час и дека е во стабилна состојба иако температурите надвор биле многу ниски.

Биолошката мајка никогаш не била пронајдена.

Непосредно пред празничната сезона, од канцеларијата на шерифот во Округот Полк во Флорида објавија дека бебенцето е посвоено. Новите родители не сакале имињата да им бидат објавени, но им испратија фотографии.

Ејнџел Грејс Ејнџел Грејс

Во коментарите на Facebook се огласи една од медицинските сестри кои се грижеа за бебенцето.

„Никогаш нема да го заборавам нејзиното малечко лице во болницата. Ако го читаат ова мама и тато во коментарите, јас бев една од сестрите кои први ја запознаа. Се молев за тебе и продолжувам да се молам. Бог има големи планови за тебе мало девојченце. Ви благодарам што дозволивте споделување на фотографиите од неа. Сè уште изгледа исто. Само поголема. И поубава“ – напиша Сесил.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.